Кулинарски трикови што не ги знаат ниту најискусните домаќинки
Сте размислиле ли некогаш како лесно и брзо можете херметички да ги затворите пластичните ќеси за да не ви се истураат производите насекаде или како најлесно да ја одвоите жолчката од белката на јајцето?
Овие кулинарски трикови ќе им се најдат и на оние што се веќе искусни во готвењето, но и на оние што за себе сметаат дека се неталентирани.
Погледнете ги следниве трикови за кои ќе се запрашате како порано не сте се сетиле сами на нив:
Додатоци на сосот за тестенини
Ако сакате сосот за тестенини да биде малку покисел или позачинет слободно можете да додадете сок од лимон, маслинки или малку оцет.
Доколку сакате сосот да биде посуптилен и целосно да се „залепи“ за тестенините може да му додадете малку јогурт, млеко, крем сирење или козјо сирење, неколку минути пред да биде готов.
Беспрекорно сечење тесто
Често за сечење на тестото се користи нож, но можете да создадете совршени рамни парчиња печиво само со користење конец за заби.
Како да го потпржите кромидот без да ви загори
Ако забележувате дека кромидот се пржи побрзо од вообичаено и станува кафеав, за да не ви загори можете да ставите една коцка мраз додека се пржи.
На тој начин маслото брзо ќе се олади, водата брзо ќе испари, а кромидот ќе остане мек.
Подобрете го вкусот на житарките со чај
Ако сте готвеле булгур, киноа или кафеав ориз, знаете дека тие немаат некој нагласен вкус и понекогаш може да делуваат како да јадете „прашина“.
За да го подобрите вкусот, можете да ги сварите во вода со ќесичка чај, како чај од лимон, од мајчина душичка или некој друг чај со пријатен вкус.