Јајца, путер - Како да откриете дали може да ја јадете храната што ви стои долго?
Понекогаш, кога ќе го отворите фрижидерот или шкафчето во кое чувате храна, сфаќате дека сте заборавиле работи кои долго време стојат таму. Па, се прашувате дали се безбедни за јадење.
Ако храната има чуден мирис кој не е својствен за неа, ќе ја фрлите веднаш оти знаете дека е расипана. Но, што ако храната нема специфичен мирис и на прва не можете да откриете дали е расипана или не?
Постојат неколку лесни начини да откриете дали храната е и понатаму добра за јадење или не:
Јајца
За да откриете дали се јајцата свежи, тестирајте ги во вода.
Наполнете чаша со вода, па ставете го јајцето.
Ако потоне, тогаш е свежо, ако падне до средината на чашата, тоа значи дека е постаро, но сепак во добра состојба и може да се користи за јадење.
Но, ако лебди на површината на водата, тогаш е расипано и треба да го фрлите.
Пилешко месо
Постојат три начини да проверите дали пилешкото месо е добро за консумирање.
Првиот е само со проверка на бојата. Ако е малку позеленето или на површината има засирена крв, тогаш не го јадете.
Свежо е ако е „бело“ или светло розово.
Вториот начин е со допир. Кога ќе го допрете месото, ако прстот ви остане сув, тогаш е свежо, а ако прстот „ви лепи“, тогаш почнува да се расипува или е веќе расипано и не треба да се јаде.
Месото е свежо и ако јасно ги гледате мускулните влакна и тоа е цврсто на допир.
Третиот начин е преку сечење. Ако месото не е свежо, штом го пресечете, ќе забележите дека пожолтува на тие места. А ако по сечењето делува како да е проѕирно и стаклесто, тогаш е свежо.
Црвено месо
Црвеното месо е свежо ако е со светло црвена боја.
Од друга страна, ако е пакувано во вакуум, бојата му е малку потемна, но тоа и понатаму е свежо и добро за употреба.
Уште еден начин да откриете дали е свежо е при сечењето - ако парчињата лесно се распаѓаат, тогаш е расипано, а ако парчињата се компактни, тогаш месото е свежо.