За домаќини и домаќинки: 8 трикови за да ги изберете најсвежите производи на пазар
Дали знаете дека белиот слој на грозјето е сигурен знак дека купувате свежо и квалитетно овошје? Прочитајте уште седум други трикови што ќе ви помогнат од пазар да се вратите со најсвежите производи.
Кога купувате производи на пазар или во маркет не можете да ги пробате за да знаете кои се најдобри и најсвежи, па ќе мора да бидете особено внимателни за да го купите најдоброто.
Никој не сака да купи зелени, презреани или горчливи производи, а овие совети ќе ви помогнат да го изберете најдоброто.
Внимавајте на бојата на доматите
Кога купувате домати, превртете ги и обрнете внимание на пределот околу рачката.
Во овој дел, бојата треба да биде идентична како и другиот дел од доматот, а уште еден знак дека сте купиле зрели домати е и бојата на местото каде што била рачката. Таа треба да биде речиси бела и засушена.
Краставичките треба да бидат прави
Зрелите краставички се со темнозелена боја. Ако забележите жолти дамки или места, тогаш најверојатно станува збор за презреани или стари краставички и секако најдобро е да купите што е можно поправи краставички.
Најчесто кривите краставички растеле на почва каде што не ги добивале соодветните услови за раст.
Премногу големите краставички, пак, се полни со семки.
Не купувајте зелени компири и компири со никулци
Зелените компири се полни со соланин, супстанција која е горчлива и е штетна по здравјето. Затоа најдобро е да се држите настрана од ваквите компири.
Ако забележите дека има вакви компири во ќесата, откако сте ги купиле, најдобро е да ги фрлите.
Кога купувате бело грозје, бирајте го она со бел слој врз зрната
Белиот слој врз грозјето е природна заштитна обвивка и најчесто укажува дека станува збор за грозје што не било прскано и хемиски третирано.
Белиот слој исто така укажува деко грозјето било набрано неодамна и е свежо.
Исто така кога грозјето е свежо, зрнцата цврсто се држат на гранчето и не паѓаат и при најмало движење.