Редена торта со бисквити, полна со кремаст фил од ванила – се подготвува за 20 минути (видео)

Оваа торта ќе ве освои со кремастиот фил со вкус на ванила.

redena-torta-so-biskviti-polna-so-kremast-fil-od-vanila-se-podgotvuva-za-20-minuti-video-01.jpg

Редените торти со бисквити се меѓу омилените десерти затоа што лесно се подготвуваат и речиси и да не постои простор за грешка во приготвувањето.

Оваа торта, пак, ќе ве освои со кремастиот фил со вкус на ванила, а ќе добиете околу 12 парчиња десерт.

Потребни состојки:

  • 500g пудинг од ванила (изладен);
  • 200g бисквити (по можност темни и светли);
  • 150g путер;
  • 2 големи лажици шеќер во прав;
  • Темна чоколада (за декорација).

Начин на подготовка:

  • Најдобро е пудингот да го подготвите еден ден претходно;
  • Многу е важно пудингот и путеррот да бидат на иста температура пред подготовката за да имате вкусен фил без грутки;
  • Во сад се става шеќерот во прав и се додаваат неколку лажици путер и се мати додека да се добие мека смеса;
  • Се додаваат неколку лажици изладен пудинг и се мати со миксер додека не се изедначи филот;
  • Повторно се додава путер и се мати смесата со миксер, па пудинг и оваа постапка се повторува сѐ додека во целост не се потрошат пудингот и путерот;
  • Се зема длабок плех за леб и се обложува со алуминумска фолија;
  • Се ред еден ред бисквити со посветла боја, па врз нив се распоредуваат 4 лажици од филот;
  • Се става нов ред од потемни бисквити и врз него повторно се рапоредуваат 4 лажици фил;
  • Постапката се повторува сѐ додека не се потрошат состојките, а последниот слој треба да биде од фил;
  • Тортата се декорира со мелени бисквити и рендана темна чоколада;
  • Најдобро е да се покрие со проѕирна фолија и да се остави во ладилник преку ноќ, или најмалку 4 часа.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Вкусен десерт: Чурос залчиња со цимет и путер Чурос потсетуваат на тулумби, а сепак не се. Но овие мали залчиња се превкусни и...
Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg