Рецепт за сладолед од кафе – идеален десерт за освежување и будење во топлите денови
-->
Овој сладолед ќе го подготвите сами за половина час, а слободно можете да ги послужите гостите за време на летните горештини или вие самите да уживате во него по напорниот работен ден.
За љубителите на кафе ова е идеален рецепт за сладолед со вкус на нивниот омилен пијалак што совршено ќе ги освежи во текот на летните денови.
-->
За подготовка на овој десерт ќе ви биде потребно половина час, но, имајте предвид дека сладоледот треба да преноќи во ладилник, па ако го подготвувате за гости тогаш би требало тоа да го направите еден ден порано.
Потребни состојки:
- 2 големи лажици врела вода;
- 1 лажица инстант кафе;
- 250ml шлаг пена;
- 100ml кондензирано млеко;
- 1 мала лажичка какао;
- чоколада за декорација.
Начин на подготовка:
- Инстант кафето се раствора во филџан со две лажички врела вода и се остава настрана;
- Во длабок сад шлаг пената се мати со миксер според упатството на амбалажата;
- Потоа се додаваат какаото, кондензираното млеко и претходно подготвеното кафе;
- Сладоледот се мати со миксер околу 3 минути, а потоа се става во замрзнувач преку ноќ;
- Топчињата сладолед може да ги декорирате со чоколадни трошки или зрна кафе.
Прочитајте и Освежителен десерт: Домашен „Орео“ сладолед со само три состојки (видео)
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
3 рецепти за деновите кога постите без масло
Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече
Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а е омилен им е на сите оние шт...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете
Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...
-->