Освежителен десерт: Домашен „Орео“ сладолед со само три состојки (видео)
-->
Подгответе вкусен домашен десерт со само три состојки. Рецепт за брз сладолед со „Орео“ колачиња.
Со порастот на температурите сладоледот е омилен десерт за сите генерации, а со овој рецепт ќе подготвите вкусен и кремаст домашен сладолед што ќе има ист вкус како оној од продавница.
-->
За негова подготовка потребни ви се само 10-тина минути, а ќе добиете сладолед за околу 12 порции.
Потребни состојки:
- 18 Орео колачиња;
- 400g благо кондензирано млеко;
- 480ml слатка павлака (студена).
Начин на подготовка:
- Во зип кеса за замрзнување се кршат 14 Орео колачиња;
- Во длабок сад се става слатката павлака и се мати со миксер додека не се добие цврст шлаг;
- Се додава кондензирано млеко и се мати со миксер на бавна брзина додека млекото и павлаката да се соединат;
- Се додаваат искршените колачиња и сладоледот полека се меша со гумена шпатула додека сите состојки да се соединат;
- Сладоледот се става во длабок сад, се декорира со уште 3-4 скршени Орео колачиња и се става во замрзнувач околу 6 часа.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Вкусен колач со боровинки и лимон
Ако немате свежи боровинки можете да користите и смрзнати, но вкусот на колачот ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос
Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за колач со мандарини и карамелизиран шеќер
Ако еднаш го направите овој колач, веќе нема да сакате да ги јадете мандарините ...
-->