Омилената салата со булгур на Џенифер Анистон е хит на социјалните мрежи – како да ја направите? (видео)

За да ја направите омилената салата на Џенифер Анистон ќе ви требаат најмногу 15 минути, а поради состојките, со неа можете да замените цел оброк.

omilenata-salata-so-bulgur-na-dzhenifer-aniston-e-hit-na-socijalnite-mrezhi-kako-da-ja-napravite-video01.jpg

Во интервју за Los Angeles Times, Кортни Кокс изјави дека Џенифер Анистон речиси секој ден ја јадела истата салата додека траело снимањето на култната серија Friends. 

Џенифер, пак, со објава на Инстаграм Стори, откри за која салата станува збор.

Иако актерката ја сподели омилената салата пред околу една година, рецептот за истата периодов стана хит на ТикТок и социјалната мрежа е преплавена со видеа од корисници кои покажуваат како се прави.

Станува збор за едноставната салата со булгур, наут, фета сирење и краставици со која слободно можете да замените цел оброк. Исто така, можете да ја менувате количината на состојките според вашиот вкус.

Најмногу време ќе ви одземе приготвувањето на булгурот - околу 10-тина минути - а за начинот на подготовка можете да го погледнете упатството на пакувањето во коешто сте го купиле. 

Потребни состојки:

  • 1 шолја булгур
  • ½ шолја свеж исечкан магдонос
  • ½ шолја свежо исечкано нане
  • ½ главица црвен кромид
  • ½ шолја исечкани ф’стаци
  • 1 шолја наут
  • Сок од еден лимон
  • ½ шолја издробено фета сирење
  • 1 краставица
  • Маслиново масло, сол и бибер по вкус

Начин на подготовка

  • Ставете го булгурот во тенџере со 2 шолји вода и оставете го да се свари, а во меѓувреме исечете ги останатите состојки
  • Откако булгурот ќе се свари, малку измешајте го со виљушка, па ставете го во голем сад, каде ќе ги додадете исечканите состојки.
  • На крај само додадете маслиново масло, сол, бибер и лимонов сок и добро промешајте ги состојките.
@themodernnonna

Jennifer Aniston Salad ? Let me know what other celebrity salads you want to see in the comments ❤️

♬ Little Bitty Pretty One - Bobby Day

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Лесна салата со макарони и свеж зеленчук – идеална за топлите денови Кога надвор е претопло и немате желба за многу готвење, ниту за јадење тешка хра...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg