Потпечени компири со сланина и растопен пармезан – ручек кој се топи во уста
-->
Станува збор за брз рецепт што може да ви даде идеја за викенд ручек. Компири со сланина и растопен пармезан или кашкавал. Ова е рецепт што сигурно ќе им се допадне на сите членови во семејството.
Доколку немате идеја што да подготвите за ручек овој викенд, погледнете го овој рецепт.
-->
Станува збор за брз ручек, за кој нема да има потреба да потрошите премногу време во кујната, а сигурно ќе им се допадне на сите.
Погледнете како се подготвуваат овие компири во продолжение:
Потребни состојки:
- 750g компири, излупени и исечени на тенки крукчиња;
- 1 кромид, исечкан;
- 400ml павлака за готвење;
- 150ml млеко;
- 2 чешниња лук;
- 1 супена лажица маслиново масло;
- 1 супена лажица сол;
- 1 супена лажица црн бибер;
- 1 супена лажица путер;
- 250g сланина исечкана;
- 125g рендан пармезан.
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови.
- Во подлабоко тенџере маслиновото масло се загрева на средна температура и во него се става исечканата сланина да се пропржи околу 5 минути или додека да стане крцкава.
- Се додава путерот и се додава кромидот и лукот.
- Се намалува температурата на ринглата и се остава да се пржат додека кромидот не стане проѕирен.
- Се додава павлаката за готвење и млекото. Се додава сол и бибер и се остава да зоврие.
- Се додаваат исечканите компири и се промешуваат, па се додава и пармезанот.
- Вака подготвените компири се префрлаат во огноотпорен сад за печење со капак. Доколку се печат во истото тенџере во кое се вареле (како во приложеното видео) бидете сигурни дека тенџерето е огноотпорно и нема пластични делови на него.
- Компирите се печат покриени во рерна на температура од 180 степени Целзиусови околу 25 минути, а потоа се вади капакот и се оставаат да се печат откриени уште кратко на истата температура, сè додека не добијат златно-кафеава боја.
Видео рецептот за подготовка можете да го видите ТУКА.
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Брз ролат со плазма и овошје (без печење)
Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос
Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
-->