Чинија полна здравје – Шарена, летна салата со хумус за која не ви треба мерење количинa

Ги обожаваме рецептите кои се подготвуваат лесно и брзо. Тоа е сè што ни е потребно ова лето кога нè очекуваат пеколни температури. Потребна ни е здрава и хранлива опција, која воедно ќе биде вкусна и пријатна за погледот.

Sharena-letna-salata-so-humus-01.jpg

Количините се произволни, односно може да додадете или одземете согласно личниот вкус и желба.

Потребно состојки:

  • Хумус (со вкус по желба)
  • Маслиново масло
  • Зачини – сол, бибер, куркума
  • Зелени и црни маслинки
  • Шери домати или обични
  • Пиперки
  • Фета сирење
  • Наут од конзерва

Начин на подготовка:

Во долгнавеста чинија на едната страна сервирајте го хумусот и задолжително додадете малку маслиново масло и зачини за поинтензивен вкус, особено доколку сте одбрале неутрален хумус.

На другата страна додадете ги сечканите домати и пиперки, маслинките, издробеното фета сирење и наутот. Зачинете по желба.

Оваа летна салата одлично оди во комбинација со потпечени, интегрални лепчиња со малку маслиново масло и лукче.

На здравје.

Sharena-letna-salata-so-humus (2).jpg

Sharena-letna-salata-so-humus (1).jpg

 (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
Сочна паста со шери домати и фета сирење, во Air Fryer Паста е секогаш одлична идеја, без оглед дали сакате макарони, шпагети или орзо....
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Посен ручек за сладокусци - полнети црвени пиперки со ориз и печурки Во деновите на пости, ви препорачуваме превкусен рецепт за црвени пиперки полнет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg