Рецепти од ТикТок кои нема да ги „промашат“ и тие што се помалку вешти во кујна

Похувано пилешко со пармезан, крем супа од брокула и чедар или американски палачинки со чоколадо - пет (превкусни) рецепти од ТикТок за кои не треба да сте многу искусни во кујна.

ednostavni-tiktok-recepti-shto-mozhe-da-gi-napravi-sekoj01.jpg

Ако сакате да зготвите нешто вкусно и едноставно, ТикТок е новото „место“ каде може да најдете инспирација.

Во последно време, доста популарни се видеата на кои корисниците споделуваат едноставни, но многу вкусни рецепти, што може да ги направи буквално секој.

ТикТок рецепти кои ќе им помогнат и на тие што не се вешти во кујна, да се снајдат добро:

Похувано пилешко со сос од домати

Ако сте љубител на пилешко, сигурно ќе ви се допадне овој рецепт.

Направете го сосот од домати, похувајте го пилешкото, па прелијте го со сосот.

На крај додајте рендан кашкавал и испечете го.

@flakeysalt

Nothin better than chicken farmer john. #SummerDIY #cooking #fyp #foryou #foryoupage #ramsayreacts #recipe #foodlover #food #skills

♬ original sound - Joshua weissman

Американски палачинки со чоколадни трошки

Одличен рецепт за брз и вкусен појадок. Треба да направите смеса за американски палачинки, во која ќе додадете чоколадни трошки.

Потоа само испечете ги палачинките и на крај декорирајте со шлаг.

@eitan

Chocolate Chip Pancakes! ??? (IG: @eitan) #food #breakfast #recipe #pancakes #makingpancakes #eats #breakfastrecipe #cooking #eating #chocolate

♬ original sound - Eitan Bernath

Ориз со ракчиња

Ова е совршен рецепт за здрав ручек што може да го направи секој. Најпрво сварете го оризот, па испржете две јајца.

Потоа, во тава ставете масло, лук, кромид, ракчиња и компир. Кога рачињата ќе се запржат, додајте коцка путер, па додајте ги оризот и пржените јајца.

Гответе додека не се стопи путерот и не се измешаат состојките.

@chefchrischo

How to make Shrimp fried rice ???‍?? #quickrecipes #healthyrecipe #koreanfood #cooking #recipe #friedrice #tiktokchef #요리 #볶음밥 #추천 #fyp #foryou

♬ original sound - Chef Chris Cho

Тестенини со сос од домати и вотка

Сосот од домати и вотка е вистински хит на социјалните мрежи, а лесно можете да го направите и вие.

На маслиново масло динстајте лук и сушени домати. Потоа додајте малку вотка и крем-сирење за да добиете кремаст сос.

Сосот можете да го додадете на какви било тестенини, а можете да го искористите и за лазања. 

@wholesomehedonista

Dairy-free Gigi Hadid / Carbone Style Rigatoni Vodka #tiktokcooks #carbone #spicyrigatoni #gigihadidpasta #veganpasta #dairyfree #veganrecipes

♬ Funny Thing - Thundercat

Крем супа од брокула и чедар

За овој превкусен и здрав рецепт ќе ви треба многу малку време.

Во тава растопете путер, додајте кромид и брашно и мешајте додека не добиете густа смеса.

Потоа додајте две шолји булјон, морков, брокула и крем-сирење или хопла. На крај додајте рендан чедар кашкавал и супата е готова.

@hanahanayang

Broccoli Cheddar Soup ?#broccolicheddarsoup #soup #cooking #simplerecipe

♬ original sound - Hana 하나

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за нудли со сусам и лук, совршен брз ручек за постите Гладни сте и сакате да јадете нешто топло, но да го подготвите набрзина? За овој...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg