Викенд рецепт: Пилешко на скара, маринирано во пиво
Правилото „месото најдобро се комбинира со пиво“ овојпат е во нестандардна варијанта – пивото искористете го за маринирање, освен за освежување со ручекот.
Со неколку едноставни зачини и омилениот летен пијалак може да направите фантастичен рецепт за пишеко месо на скара.
Потребни состојки:
- 325ml пиво
- 3 лажици маслиново масло
- 5 големи чешниња лук
- 1 ½ лажичка оригано
- 1 ½ лажичка сол
- 1 лажичка мелен црн бибер
- ½ лажичка каенска пиперка или некој друг зачин по вкус
- 10 парчиња пилешко месо со средна големина, без коски
Подготовка:
Ставете го месото во голема вакум кесичка. Помешајте ги состојките за маринадата и прелијте го месото. Протресете ја кесичката за состојките да се распоредат рамномерно, а потоа оставете во фрижидер 12 до 36 часа.
Идеално би било да отостои 24 часа.
Следниот ден, извадете го пилешкото и оставете го да отстои на собна температура 1 час.
Загрејте ја скарата и печете го месото 6-8 минути од секоја страна. Врз него може да додадете малечко парче лимон за подобар шмек или парче лук.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





