Посно благо, готово за 5 минути – топчиња од банана

Најбрзите мини колачиња кои се одличен избор во моментите кога ќе ве фати криза за благо, а сте веган или пак сте решиле да постите.

posno-blago-na-voda-gotovo-za-5-minuti-topcinja-od-banana-01.jpg

Ви требаат само 5 минути и 5 состојки за да ги направите:

  • 2 зрели банани
  • 5 урми
  • 100g сусам
  • 200g овесни снегулки
  • Лажица мед

Подготовка:

Испасирајте ги бананите и урмите во блендер, па додадете ги освесните снегулки додека не добиете поцврста смеса.

Додадете лажичка мед и добро промешајте.

Формирајте топчиња кои ќе ги валкате во печениот сусам. Оставете ги да отстојат 1-2 часа на ладно, па потоа послужете.

posno-blago-na-voda-gotovo-za-5-minuti-topcinja-od-banana-02.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Викенд мезе: Мини тортиљи со пилешко и зеленчук по турски рецепт Мини пилешките тортиљи по турски рецепт се деликатес кој мора да го пробате. ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Посен ручек за сладокусци - полнети црвени пиперки со ориз и печурки Во деновите на пости, ви препорачуваме превкусен рецепт за црвени пиперки полнет...
Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а е омилен им е на сите оние шт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg