Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 рецепти за брзи, посни колачиња

Иако во наредниот период ќе бидеме малку ограничени со состојките за рецептите кои ги подготвуваме, бидејќи треба да внимаваме да бидат посни, сепак има 3 рецепти за брзи колачиња со кои може да ги изненадите блиските на трпезата.

3-recepti-za-brzi-posni-kolacinja-001.jpg

За сите слави, родендени и разни свечености кои се погодуваат во посен период:

Чоко триаголници

Состојки:

  • 250g шеќер
  • 1 шолја вода
  • 250g мелени ореви
  • 100g сечкани ореви
  • 150g стопено посно чоколадо
  • 100g сечкано суво грозје
  • 100g сечкани желе бонбони

За глазура:

  • 100g посно чоколадо

Подготовка:

Измешајте го шеќерот со шолја топла вода, додека не се стопи.

Додајте ги оревите, и сечкани и мелени, стопеното чоколадо, сувото грозје и желе бонбоните додека добро не се соедини смесата.

Ставете ја смесата во триаголник калапи и ладете неколку часа во фрижидер.

Извадете ја смесата од калапот, прелијте со чоколадо, оладете уште малку, па сечете на парчиња.

3-recepti-za-brzi-posni-kolacinja-1.jpg

Посна бајадера со кикирики

Состојки:

  • 300g шеќер
  • 2dl вода
  • 200g маргарин
  • 300g мелени кикирики без сол
  • 300g мелен бисквит
  • 2 лажици какао

За глазура:

  • 150g чоколадо

Подготовка:

Шеќерот и водата варете ги 4-5 минути, па додајте го маргаринот и почекајте да се растопи. Додајте ги кикириките и бисквитите постепено. Измешајте додека не добиете маса со средна густина.

Од смесата издвојте една третина и во неа измешајте го какаото.

Светлата смеса поделете ја на два дела.

Обложете со проѕирна фолија еден калап со средна големина, па во него истурете еден дел од светлата смеса. Израмнете и оставете да се стегне во фрижидер.

Преку неа додајте  ја темната смеса, исто со притискање израмнете ја. Оставете да се излади во фрижидер.

Повторете со останатокот од светлата смеза.

За прелив користете ги 150-те грама растопено чоколадо.

3-recepti-za-brzi-posni-kolacinja-2.jpg

Посни бели мињони

Состојки:

  • 350g шеќер
  • 1dl вода
  • 120g маргарин
  • 200g мелени бисквити
  • 200g мелени ореви
  • 300g шеќер во прав
  • Уште малку вода

Подготовка:

Измешајте ги шеќерот и водата додека шеќерот не се растопи, па додајте го маргаринот.

Кога маргаринот ќе се растопи додајте ги бисквитите и оревите. Смесата истурете ја во широк калап, кој може да го обложите со хартија или фолија, и развлечете го тестото на околу 1-1,5 cm дебелина.

Кога кората ќе се излади неколку часа во фрижидер, прелијте со фонданот направен од малку вода и шеќерот во прав.

Фонданот треба да биде густ.

Украсете по желба и сечете на коцки.

3-recepti-za-brzi-posni-kolacinja-3.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брзи цвет банички со спанаќ и сирење Ако размислувате што вкусно и солено да подготвите викендов, можете да го пробат...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...
Елка од ролати и уште 2 празнични рецепти за поубава божиќна трпеза Елка направена од мини ролатчиња од зелени палачинки, корнети во форма на елка о...
Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...
Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg