Создадена за репете - „Машка солена торта“ од ќебапи
Впрочем, не е наменета само за мажите, туку за сите оние кои имаат потреба од добро солено јадење. Кога ќе ги видите состојките и крајниот резултат, ќе ви стане јасно зошто претставува врвно гастрономско уживање како создадено за парче повеќе.
Што ви е потребно?
- 20-25 големи ќебапи
- 500-600 g компири
- 30 g путер
- 300 g рикота (или некоја замена)
- 2 лажици кисела павлака
- 3 јајца
- 2 печени црвени пиперки
- 150 g печурки
- 150 g кашкавал
- Свеж магдонос и останати зачини по вкус
- Сол и бибер (според вкусот)
Начин на подготовка:
Подгответе калап за печење со кружна форма и големина со пречник од 24 cm. Полуодмрзнатите ќебапчиња исечете ги на половина и наредете ги исправени во калапот.
Компирот сварете го и испасирајте го, додадете путер, сол и бибер, а доколку сакате може да додадете и малку сечкан свеж магдонос.
Изматете ги двете јајца со киселата павлака и додадете ја рикотата. Посолете и додадете зачини по желба (куркума, вегета, оригано, кари…) и добро измешајте ја смесата.
На дното од калапот наредете го остатокот од исечканите ќебапчиња, со исечениот дел свртен нагоре.
Истурете половина од смесата од компири. Врз неа исечкајте ги црвените пиперки. Додадете ја смесата од рикота и остатокот од исечканите ќебапи. Потоа истурете го остатокот од пирето од компири и убаво израмнете со лажица.
Издинстајте ги печурките на малку путер и додадете ги врз слојот компири.
Загрејте ја рерната на 200˚С и печете околу 1 час, најважно е ќебапите да се добро испечени. Пред крајот, додадете го ренданиот кашкавал и вратете ја „тортата“ назад во рерната неколку минути додека не се стопи и зарумени.
За полесна подготовка погледнете го видеото:
(О)Милена | Црнобело