Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 посни предјадења од кои ќе излижете прсти

Кој вели дека посното не е вкусно? Изгледа дека одамна помина времето кога менито за посни јадења се сведуваше на леб и мармалад.

3-posni-predjadenja-od-koi-ke-izlizete-prsti-01.jpg

Денес имаме толку многу избор, што постот ќе ви помине брзо и лесно, а ќе имате и што вкусно да наместите на вашата трпеза за посните слави.

Следуваат 3 посни предјадења кои не само што се вкусни, туку и изгледаат неодоливо привлечно:

Посни ќофтенца од грав

Потребно ви е:

  • Околу 350 g грав
  • Масло за јадење
  • Праз
  • Сусам
  • Сол и бибер

Како се подготвува?

Сварениот град добро се процедува од водата и зрната се згмечуваат со рака или виљушка (внимавајте само да не стане целосно пире).

Гравот се посолува и се обликуваат топчиња, односно мали ќофтенца.

Празот се сечка ситно и се пропржува на малку масло. Се додаваат зачини по вкус (сол, бибер, вегета, куркума) и се распоредува во тепсија.

Над празот се ставаат ќофтињата од грав. Се посипува сусам по желба. Се покрива со капак или фолија за печење и се пече во загреана рерна на 200 °С.

Внимавајте ќофтенцата да не ги изгорат, бидејќи времето на печење е релативно кратко, околу 20-25 минути, во зависност од јачината на рерната.

3-posni-predjadenja-od-koi-ke-izlizete-prsti (3).jpg

Посна паштета од ослич

Потребно ви е:

  • 1 kg ослиќ риба
  • 1 морков
  • 4 поголеми компири
  • 1 шолја масло
  • Бибер
  • Лорберов лист
  • 1 лажица сенф
  • Сок од лимон
  • Магдонос
  • Малку оцет
  • Сол и вегета

Како се подготвува?

Осличот се чисто, се попрскува со малку оцет и се остава да отстои околу 30 минути.

Рибата повторно се мие со вода и се става во подлабок сад да се свари.

Се додаваат и компирите, морковот, лорберот, биберот и солта. Оставете сè добро да се свари.

Издвојте го само осличот од тенџерето, а останатиот дел од зеленчукот тргнете го настрана добро прецеден во чинија.

Осличот исчистете го од коските и спојте го со остатокот од зеленчукот, освен лорберовиот лист.

Додадете го сенфот и сокот од лимон.

Со миксер или рачен блендер, испасирајте ја смесата додавајќи малку по малку масло.

Сами ќе забележите колку масло е потребно според текстурата на намазот.

Додадете вегета согласно вкусот.

3-posni-predjadenja-od-koi-ke-izlizete-prsti (2).jpg

Посни пролетни ролнички

Потребно ви е:

  • 1 пакување тенки кори за пита
  • 100 g морков
  • 100 g зелка
  • 100 g целер
  • Соја сос
  • Сол и бибер
  • Масло за јадење

Како се подготвува?

Зеленчукот исечкајте го по должина на тенки ленти или изрендајте го. Зачинете го со сол и бибер и посипете малку соја сос.

Секоја кора наполнете ја со зеленчукот и завиткајте мали ролни со димензии 5 × 1,5 cm.

Испржете ги на загреано масло додека не поруменат.

Послужете ги топли со посен мајонез по желба.

3-posni-predjadenja-od-koi-ke-izlizete-prsti (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...
Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...
Ролат со спанаќ и пршута - ќе барате парче плус Ролатот со спанаќ има неколку различни варијанти, а ние овој пат го споделуваме ...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg