Да ти е мерак да ги грицнеш: 5 рецепти за шарени новогодишни колачиња
Новогодишни колачиња во облик на чоколадни ирваси, шарени елки, црвени капчиња - кој не би ги посакал на својата трпеза?
Не се плашете ако ви изгледаат комплицирано, нивната подготовка е посебно лесна.
Тајната е во тоа што се прават од готови производи кои само треба да ги споите.
Зависно од тоа дали сакате да направите мафини во облик на ирвас или накитена елка, црвени капчиња, замрзнати залчиња или мечиња во санка, набавете ги соодветните состојки.
Мафини, переци, кекси и било какви округли бомбони
Маршмелоу бомбони, црвено-бели бастунчиња, шеќер и црвени округли бомбони
Сникерс или Марс чоколади, мечиња бисквити, црвено-бели бастунчиња и стопено чоколадо
Округли чоколадни бисквити со фил, шлаг и јагоди
Мафини, јагоди и шлаг обоен со зелена прехранбена боја
Погледнете го целото видео и овие празници израдувајте ги најблиските со колаче на кое нема да му одолеат.