Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Омилениот вкус од детството: Рецепт за брзи рум штангли без печење

Рум штанглите дефинитивно се наједноставните, но највкусни колачиња кои ни го одбележаа детството. За среќа, сега може да ги подготвите во домашни услови, без комплицирани постапки и скапи состојки.

omileniot-vkus-od-detstvoto-recept-za-brzi-rum-stangli-bez-pecenje-01.jpg

Одвојте 20 минути за нивна подготовка, а потоа уживајте со денови.

Состојки:

  • 300g компир
  • 300g мелени бисквити
  • 200g темно чоколадо
  • 140g маргарин
  • 200g шеќер во прав
  • 1 лажица какао
  • 2 лажици рум (може да додадете и повеќе, по желба)
  • 1 лажица масло

Подготовка:

1 чекор: Сварете го компирот, исцедете го и испасирајте го додека не добиете пире. Додајте му 100g чоколадо и 100g маргарин. Мешајте додека не се растопат од топлината на компирот. Додадете ги мелените бисквити, шеќерот во прав, какаото и 2-те лажички рум.

2 чекор: Формирајте тенок колач кој ќе го сечете на парчиња со дебелина од 2 сантиметри или обликувајте ја смесата со калапи. Оставете ја во ладилник додека го подготвувате преливот.

3 чекор: На тивок оган растопете го преостанатото чоколадо и 40g маргарин. Додадете 1 лажица масло и добро соединете ја глазурата. Извадете ги рум штанглите и прелијте ги или натопете ги во чоколадото. Ставете ги на послужавник и вратете ги во фрижидер уште 1 час.

Не заборавајте да споделите со нас дали го погодивте вкусот!

Би можело да ве интересира:

Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
4 брзи рецепти од ТикТок и Инстаграм кои вреди да се пробаат Ако немате ни време ни нерви да правите суши, можете да искористите калап за маф...
Викенд десерт: Руски капи со ресана, што не се печат Наместо да приготвувате пандишпан, можете да искористите ресани, па многу побрзо...
Предлог рецепти за божиќните пости – вкусни оброци без месо Што да јадете кога постите? Подгответе некои од овие вкусни рецепти, што ќе ви д...
Кои се придобивките од виралната „ретинол“ салата и како да ја направите? Виралнара ретинол салата е добра за кожата и покрај рецептот што е популарен, мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg