Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Викенд десерт: Руски капи со ресана, што не се печат

Наместо да приготвувате пандишпан, можете да искористите ресани, па многу побрзо ќе го подготвите омилениот десерт од детството.

vikend-desert-ruski-kapi-so-resana-shto-ne-se-pechat-01.jpg

Руските капи или шубари, се колачи што сигурно во голема мера ве потсетуваат на детството. Препознатливи се по спојот од чоколада, кокос и вкусен ванила фил, но ако некогаш сте се обиделе да ги подготвите по традиционален рецепт, знаете дека тоа е долг процес, за кој ви требаат неколку часа.

Модерните домаќинки, нашле начин како да заштедат на време и да го подготват овој омилен рецепт од детството, па наместо да матат и печат пандишпан, користат ресани.

Во продолжение погледнете го рецептот за руски капи од ресана:

Потребни состојки:

  • 500g мини ресани;
  • 3-4 лажици шеќер;
  • 700ml млеко;
  • ½ маргарин;
  • 4-5 лажици шеќер во прав;
  • 100g кокос.

Начин на подготовка:

  • Пудингот се вари според упатството на ќесичката, но со 700 ml млеко, за да биде погуст;
  • Ако сакате, можете да користите и крем пудинг што не се вари;
  • Додека пудингот да се олади, во длабок сад маргаринот се мати со шеќер во прав;
  • Кога ќе се добие кремаста смеса од маргарин, се додава пудингот лажица по лажица и се мати со миксер, додека да се добие изедначен фил;
  • Се зема една ресана и на неа со лажица се става фил, па потоа се покрива со уште една ресана;
  • Готовата руска капа од страните се израмнува со лажица и се валка во кокос;
  • Постапката се повторува додека не се потрошат сите состојки;
  • Руските капи може да се сервираат веднаш, но најдобро е да отстојат за да омекнат.

vikend-desert-ruski-kapi-so-resana-shto-ne-se-pechat-012.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за божиќни путер колачиња Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg