Житарки за појадок - здравје за цел ден
Житарките со сигурност се најдобриот утрински избор кој може да го направите.
Секогаш одбирајте житарки кои не се дополнително засладени и кои немаат високо ниво на калории.
За да ви биде појасно, во текот на денот вашето тело би требало да внесе 1.500 до 2.000 калории, а доколку само житарките содржат 500 калории на 100 грама, големи се шансите дека максимумот калории ќе ги внесете за време на појадок.
Откако ќе ги одберете оние омилените, со најдобар вкус, дозволено ви е да ги комбинирате со свежа павлака, јогурт или млеко и ситно сечкано свежо овошје.
Порцијата сепак би требало да биде релативно мала, па доволни ви се околу 50 грама житарки за еден појадок, плус овошје и безмасно млеко или јогурт.
За свеж и брз старт на денот, ви го предлагаме следниот рецепт.
Состојки:
- 4 лажици овесни снегулки
- 2 лажици житарки по желба
- 1 лажица сечкани кајсии
- 1 лажица сечкани урми
- 1 лажица ореви
- 1 лажица бадеми или лешници
- ¼ неизлупено јаболко
- ¼ банана
- Безмасен јогурт
Подготовка:
Житарките и овесните снегулки натопете ги со јогурт и оставете ги да постојат неколку минути, додека го сечкате овошјето и ги кршите оревите на парчиња.
Додајте ги сите состојки и појадокот е готов за помалку од 5 минути.