Ова е совршениот појадок за енергичен ден

Ако сакате да уживате во лесен и вкусен појадок кој ќе ви даде доволно енергија за почеток на работниот ден, испробајте ги овие рецепти.

ova-e-sovrseniot-pojadok-za-energicen-den-01

Француски тост

Потребно ви е:

  • 2 јајца, 50ml млеко,
  • 2 лажици масло,
  • 8 кришки леб за тост,
  • 50g рендано сирење,
  • 50g шунка,
  • 50g пршута,
  • 60g горгонзола

Подготовка: Изматете ги јајцата, посолете ги и додајте го млекото. Кришките леб потопете ги во течноста, па печете ги на загреано масло од двете страни.

Извадете ги кришките тост на хартиена салветка за да го впијат вишокот масло. На 4 кришки проросете половина од сирењето и прекријте го со шунка и пршута. Покријте го тостот со уште едно парче леб.

Преостанатото сирење и горгонзолата проросете ги врз тостовите, ставете ги во тава и печете 5 минути на 220 степени.

ova-e-sovrseniot-pojadok-za-energicen-den-02

Освежувачки шејк за енергија

Потребно ви е:

  • 1 мала краставица,
  • 5 листови спанаќ,
  • 1 јаболко,
  • 1 лажица мелен ѓумбир,
  • сок од 1 лимон,
  • 1 лажица мед,
  • 1 шолја вода

Подготовка: Краставицата и јаболката излупете ги, па сите состојки ставете ги во блендер. Мешајте додека не се соединат, а на крајот додадете ја водата и медот. Послужете со неколку коцки мраз.

Би можело да ве интересира:

Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg