Посен ролат со ајвар и туна, совршен за слава

Два интензивни вкуса (ајвар и туна) споени во едно јадење - овој посен ролат ќе го подготвувате и за гости и за себе.

posen-rolat-so-ajvar-i-tuna-sovrshen-za-slava-01.jpg

Во деновите на пости, или ако подготвувате домашна слава, сигурно сакате да зготвите нешто вкусно, а да е различно од она што го правите постојано.

Затоа, пробајте го овој посен ролат со ајвар и туна, чиј вкус е одличен, па ќе го спремате и за вас, не само за гости.

Потребни состојки:

За тестото:

  • 2,5dl кисела вода
  • 8 лажици брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 3 лажици ајвар
  • Сол и бибер по вкус

Фил:

  • Околу 350g ајвар
  • 1 голема конзерва туна
  • Малку рендан посен кашкавал

Начин на подготовка:

  • Сите состојки за рестото ставете ги во длабок сад и измешајте ги со лажица.
  • Плехот обложете го со хартија за печење, па ставете го тестото и печете го на 200 степени додека не зарумени малку.
  • Печената кора извадете ја од плехот, префрлете ја на влажна крпа, завиткајте ја и оставете ја да остине.
  • Измешајте околу 350g ајвар со една конзерва туна, па додадете го кашкавалот.
  • Со намазот премачкајте ја изладената кора, па завиткајте ја во форма на ролат.
  • Ставете го во фрижидер за да се стегне барем 2-3 часа, а потоа послужете го.

posen-rolat-so-ajvar-i-tuna-sovrshen-za-slava-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
„Во еден ден направив 5 тегли ајвар во стан - се прави со само 200ml масло“ „Овој рецепт ми е од тетка ми, таа го прави најубавиот ајвар“ – потенцира јутјуб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg