Викенд десерт: Рецепт за бајадера торта што не се пече
За да ја подготвите оваа вкусна торта ќе ви биде потребно само да ги изматите филовите, а ќе имате десерт од којшто сите ќе побараат уште едно парче.
Оваа вкусна бајадера торта се состои од неколку различни филови, што се подготвуваат само со матење.
Се подготвува брзо и веруваме дека ќе ви стане еден од омилените брзи рецепти за десерти.
Потребни состојки:
За кора
- 300g мелени бисквити;
- 130g стопен путер;
- 135ml млеко;
- 50ml слатка павлака;
- 150g чоколада.
За фил 1:
- 500ml млеко;
- 2 кесички крем пудинг од ванила (што не се вари);
- 125g путер;
- 100g мелени ореви;
- 100g мелени бисквити.
За фил 2:
-->
-->
- 500ml млеко;
- 2 касички крем пудинг од чоколада (што не се вари);
- 125g путер;
- 150g стопена чоколада;
- 100g мелени бисквити.
За глазура:
-->
- 150ml слатка павлака;
- 100g чоколада.
Начин на подготовка:
- Бисквитите, стопениот путер и млекото се мешаат со миксер и од нив се обликува тенка кора;
- Слатката павлака се става во тенџере ѝ ѝ се додава чоколадата;
- Се варат, со мешање, на тивок оган додека чоколадото да се стопи;
- Добиената смеса се прелева врз кората од бисквити и се оставаат во ладилник;
- Во длабок сад се става млекото и пудингот од ванила, па се мати додека не се добие изедначена смеса;
- Се додава путерот и се мати, па на крај се додаваат мелените ореви и бисквити и се меша со шпатула;
- Постапката се повторува и со пудингот од чоколада;
- Врз кората се става прво филот од ванила, па потоа и филот од чоколада;
- Тортата се враќа во ладилник, додека да ја подготвите глазурата;
- Глазурата се прави така што слатката павлака и чоколадото ги загревате додека да се соединат;
- Тортата ја прелевате со глазурата и ја оставате во ладилник најмалку 2 часа да се стегне.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости
Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...

Лисната пита со крушки и цимет - одличен зимски десерт
Додека трае сезоната на круши, лесно и брзо можете да подготвите еден поинаков д...

Направете вкусна мусака со модри домати, по грчки рецепт
Ако сте расположени за традиционален ручек, но ви се здосадени секојдневните рец...

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Домашни варени ѓевречиња по рецепт на стружанката Драгица
Топли, крцкави, вкусни - кој може да им одолее на домашните варени ѓевречиња?
...

Пролетен десерт: Рецепт за лиснат ролат со јагоди
Личат на мини штрудлички од лиснато тесто, полнети со домашно зготвен фил од све...