Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Традиционален рецепт за подготовка на охридско макало со лук

На нашите баби им требало по час и половина за да го подготват традиционалното макало, но вие можете да искористите сечко или рачен блендер…

tradicionalen-recept-za-podgotovka-na-ohridsko-makalo-so-luk-01.jpg

Охридското макало со лук е еден од најпознатите традиционални специјалитети, што вообичаено се служи во рестораните со риба.

Се подготвува од само 4 состојки, а за да го направите на традиционален начин ќе ви треба околу час и половина.

На Јутјуб каналот BBQ Brothers, се споделуваат голем број рецепти за традиционални македонски специјалитети, а објавено е и видео на кое се гледа како се подготвува Охридско макало по традиционален рецепт.

Охридското макало е идеален додаток за риба, рибја чорба или за други јадења, а вие можете да го подготвите на традиционален начин со аван и толчник, или пак во сечко, а тајната е во тоа што маслото треба да се додава капка по капка, како кога се прави мајонез.

Како да го подготвите макалото?

Потребни состојки:

  • 4 главици лук;
  • 2 лажици сол;
  • 400-600ml масло за јадење;
  • 100ml оцет.

Начин на подготовка:

  • Чешнињата лук се лупат и се ставаат во аван;
  • Им се додава солта и се толчат со толчник;
  • Кога ќе се изгмечат лукчињата прво се додаваат три лажици масло и се толчи лукот уште малку;
  • Потоа се додава остатокот од маслото, но буквално тоа треба да биде капка по капка, како за мајонез;
  • Кога макалото ќе се згусне, полека се додава оцетот и се меша додека да се добие изедначена смеса;
  • За да го подготвите макалото со толчник и со аван ќе ви требаат околу час и половина;
  • Истото можете да го подготвите со сечко, или со рачен блендер, постапката е иста, но нема да мора да го толчите лукот рачно.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предлог рецепти за божиќните пости – вкусни оброци без месо Што да јадете кога постите? Подгответе некои од овие вкусни рецепти, што ќе ви д...
Рецепт за домашен леб со лук и кашкавал За сите оние кои обожаваат печива и мирис на тазе испечен леб - ова е совршен ре...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...
Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...
Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...
Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg