Чиа тирамису - нискокалорична верзија на омилениот кремаст десерт
Вкусот на чиа тирамисуто е прекрасен, ист како на оригиналното тирамису, а сепак е поздрава верзија.
Ова е одличен појадок за љубителите на кафе или десерт за сите што (малку) внимаваат на калориите.
Количината е за 2 порции ако е оброк или 3 порции ако е десерт.
Потребни состојки:
- 80g чиа семе
- 320ml млекo
- 200g грчки јогурт
- 100ml кафе (нескафе или еспресо)
- 1 лажица екстракт од ванила
- 40g протеин (или може да го замените со 1-2 лажици мед)
Начин на подготовка:
- Во длабок сад ставете ја чиата, па додадете го млекото, 150ml грчки јогурт, свареното кафе, екстрактот од ванила и потеинот (или медот за да го заслади).
- Промешајте ги сите состојки за да се спојат убаво и ставете го тирамисуто во фрижидер најмалку 2 часа да се стегне (или преку ноќ).
- Поделете ја смесата во чаши на 2 или 3 дела (зависно од тоа дали ви е оброк или десерт).
- Одозгора ставете грчки јогурт (останатите 50ml) и наросете со какао, па послужете го.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Вкусен десерт: Чурос залчиња со цимет и путер
Чурос потсетуваат на тулумби, а сепак не се. Но овие мали залчиња се превкусни и...
Направете домашно тесто за пица, исто како од ресторан
Потребни ви се само неколку состојки за и дома да направите совршено тесто за пи...
Рецепт за здрав и вкусен појадок: Чиа пудинг со праски и индиски ореви
Ако сакате да пробате нешто ново и несекојдневно, тогаш овој рецепт за чиа пудин...
Рецепт за вкусна ужина со грчки јогурт и цреши - децата ќе ја обожаваат
Експериментирајте со овошјето, вкусовите, путерот од јаткасти плодови и уживајте...