За љубители на кафе: Браунис колачиња што се топат во уста
Браунис колачиња со вкус на еспресо - има ли подобар десерт за љубителите на чоколадо и кафе?
Ако сте љубител на кафе и на чоколадни десерти, тогаш овие браунис колачиња се идеален избор за вас.
Доброто е што лесно се подготвуваат, нема месење, само мешање на сите состојки и печење.
Потребни состојки:
- 220g путер
- 250g шеќер
- 150g кафеав шеќер
- 1/2 лажица сол
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 1 лажичка инстант еспресо во прав
- 4 големи јајца, на собна температура
- 120g брашно
- 100g какао
- 1/2 лажица прашок за печиво
- 170g чоколаден чипс (по желба)
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 175 степени Целзиусови.
- Стопете го путерот на средна температура, додека не добие златеста боја (5-7 минути). Оставете малку да се олади.
- Во сад, измешајте ги стопениот путер, двата вида шеќер, солта, ванилата и еспресото во прав.
- Додавајте ги јајцата, едно по едно и мешајте ги добро.
- Постепено додавајте и мешајте ги брашното, какаото и прашокот за печиво. Додајте го и чоколадниот чипс ако го користите.
- Истурете ја смесата во тава на хартија за печење и печете 25-30 минути, или додека чепкалката која ќе ја боцнете не излезе без налепено тесто.
- Оставете да се излади и послужете пресечено на коцки.
Видео постапка:
M. M. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Рецепт за божиќни путер колачиња
Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...

Рецепт за торта со јагоди и крем без печење
Ви се јаде нешто слатко, сочно и кремасто, а не сакате да печете? Пробајте ја ов...

Чиа тирамису - нискокалорична верзија на омилениот кремаст десерт
Вкусот на чиа тирамисуто е прекрасен, ист како на оригиналното тирамису, а сепак...

Рецепт за здрави, лесни и посни колачиња од таан и урми
Комбинацијата од таан и урми, надополнета со какао во прав, ќе ви даде одличен д...
-->
-->