Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Рецепт за здрави, лесни и посни колачиња од таан и урми

Комбинацијата од таан и урми, надополнета со какао во прав, ќе ви даде одличен десерт кој веруваме дека ќе сакате да го правите повторно и повторно.

recept-za-zdravi-lesni-i-posni-kolachinja-od-taan-i-urmi-01.jpg

Таанот е одличен извор на хранливи влакна, витамини и минерали од групата Б, а доколку го комбинирате со вкусните урми, тогаш ќе добиете совршен десерт кој не само што е лесен за приготвување, туку е и многу здрав, а може да го подготвувате и во деновите кога се пости.

Одличен е да го подготвите и во „последен момент“ кога ќе ви се најават гости, зашто за негова подготовка ви се потребни десетина минути.

Потребни состојки:

  • 200g урми
  • 120g таан
  • 20g какао во прав

Начин на подготовка:

  • Таанот и една третина од урмите ставете ги во блендер.
  • Блендирајте додека не се соедини, додајте уште една третина од урмите и повторно блендирајте. Повторувајте додека не ги ставите сите урми.
  • Потоа додајте какао во прав. Повторно блендирајте додека смесата целосно не се соедини.

    recept-za-zdravi-lesni-i-posni-kolachinja-od-taan-i-urmi-02.jpg
  • Префрлете ја смесата врз лист хартија за печење. Обликувајте правоаголна форма, со рацете.
  • Потоа, завиткајте и оставете ги колачињата во фрижидер да постојат најмалку половина час или пак преку ноќ.
  • Исечете на 8 парчиња и чувајте ги во фрижидер. Така може да постојат и до 6 дена. Уживајте!

recept-za-zdravi-lesni-i-posni-kolachinja-od-taan-i-urmi-03.jpg

М. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лисната пита со крушки и цимет - одличен зимски десерт Додека трае сезоната на круши, лесно и брзо можете да подготвите еден поинаков д...
Лесни рецепти со кои ќе ги искористите преостанатите жолчки и белки Од белките направете омлет, а жолчките можете да ги искористите за сладок крем о...
Пролетен десерт: Рецепт за лиснат ролат со јагоди Личат на мини штрудлички од лиснато тесто, полнети со домашно зготвен фил од све...
Брз десерт - лиснати цветови со Нутела За овој десерт ви требаат само 3 состојки - и трпение да се излади пред да го ја...
Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...
Направете вкусна мусака со модри домати, по грчки рецепт Ако сте расположени за традиционален ручек, но ви се здосадени секојдневните рец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg