Највкусните мини панцероти со корнфлекс - крцкави однадвор без пржење
Мини панцероти кои крцкаат однадвор, а се топат одвнатре - се прават со тост лепче и нема опција да ги промашите.
Кога ви треба идеја за појадок или мезе, овие мини панцероти се идеално решение.
Се прават брзо и лесно со состојки кои ги имате дома, а вкусот ќе им стане омилен на сите што ќе ги пробаат.
Потребни состојки:
- 4 парчиња тост леб, со извадена корка
- доматен сос со пасирани домати
- моцарела сирење
- 1 јајце
- малку млеко
- искршен корнфлекс
- маслиново масло
Начин на подготовка:
- Извадете ја корката од секое лепче и со сукало измазнете ја средината.
- Со голема чаша или мала чинија формирајте круг од секое лепче.
- Намачкајте ја средината на секој круг со доматното пире и наредете моцарела.
- Превиткајте го лепчето на половина и избоцкајте ги краевите со виљушка за да се залепи.
- Изматете едно јајце со малку млеко и во смесата потопете ги панцеротите, а потоа извалкајте ги во корнфлекс.
- Наредете во плех на хартија за печење и истурете по нив малку маслиново масло.
- Ставете ги да се печат на 180 степени 13-15 минути или во Air Fryer со истата температура и времетраење.
Погледнете видео постапка:
М. М. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Викенд мезе: Мини тортиљи со пилешко и зеленчук по турски рецепт
Мини пилешките тортиљи по турски рецепт се деликатес кој мора да го пробате.
...

Рецепт за мини палачинки со Нутела – ги обожаваат и децата и возрасните
Како да ги подготвите популарните мини палачинки со Нутела, на кои децата не мож...

Рецепт за крцкави пилешки прсти во рерна – вкусни, без тон зејтин
Како да подготвите крцкави пилешки прсти за мезе, со сусам, како што ги подготву...

Вкусен појадок за гурмани: Потпржени сендвичи со јајца, сувмеснато и растопен кашкавал
Сендвич или пржено лепче? Со овој рецепт можете да ги искомбинирате и двата поја...

Кремаста салата со крцкави компири и сланина
Не сте љубител на мајонез и се нервирате кога ќе ве послужат со сочна салата во ...
-->
-->