Кремаста салата со крцкави компири и сланина
-->
Не сте љубител на мајонез и се нервирате кога ќе ве послужат со сочна салата во која има мајонез? Овој рецепт за вкусна, кремава салата без мајонез, има богат вкус во кој ќе уживате.
Оваа салата е лесна за подготвување. Брзо се прави, а уште побрзо се јаде.
-->
Одлична е и како оброк и како додаток во јадењето.
Како да ја подготвите?
Потребни состојки:
- 1kg компир (помали парчиња)
- 1 лажица маслиново масло
- 2 чаши грчки јогурт
- 4 чешниња лук, испасирани
- Кора и сок од 1 лимон
- ⅓ китка ситно сечкан копар
- 6 краставички (средна големина) ситно исечкани (или 2 големи краставици)
- 8 парчиња сланина, исечкана на коцки и пропржена
- ⅓ шолја власец, ситно исечкан
- ½ лажичка морска сол
- ½ лажичка мелен бибер
Начин на подготовка:
- Најпрво измијте ги убаво компирите па сварете ги со лушпа.
- Извадете ги од водата и оставете ги да се изладат на крпа (за да се впие вишокот вода).
- Загрејте ја рерната на 220°С. Обложете го плехот со хартија за печење и префрлете ги компирите врз хартијата.
- Со дното на чаша згмечете ги, па премачкајте ги со маслиново масло, а потоа посипете ги со морска сол и мелен бибер.
- Печете ги околу 45-50 минути, превртувајќи ги од една на друга страна кога ќе помине половина од времето (за да се испечат рамномерно) и да бидат златни и крцкави.
- Додека се ладат компирите, во длабок сад измешајте ги грчкиот јогурт, испасираниот лук, кората од лимон, сокот од лимон, власецот и копарот.
- Потоа додадете ја исечканата и препржена сланина, краставиците и изладените крцкави компири.
- Измешајте уште еднаш за да се соединат состојките, но правете го тоа нежно за да не се скршат компирите.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Крофни со боровинки и прелив од лимон, се топат во уста
Овие крофни не се пржат, а остануваат меки и неколку дена (но сигурни сме дека ќ...
Лесна салата со макарони и свеж зеленчук – идеална за топлите денови
Кога надвор е претопло и немате желба за многу готвење, ниту за јадење тешка хра...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
3 рецепти за деновите кога постите без масло
Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за вкусна ужина со грчки јогурт и цреши - децата ќе ја обожаваат
Експериментирајте со овошјето, вкусовите, путерот од јаткасти плодови и уживајте...