Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Крофни со боровинки и прелив од лимон, се топат во уста

Овие крофни не се пржат, а остануваат меки и неколку дена (но сигурни сме дека ќе ги изедете веднаш)...

krofni-so-borovinki-i-preliv-od-limon-se-topat-vo-usta-01.jpg

Класичните крофни се секогаш наш прв избор. Но, печените крофни со боровинки и лимон, кои се печат, се топат во уста.

Доволно е да ги направите еднаш за да сакате да ги правите често.

Потребни состојки:

  • 60g несолен путер, стопен
  • 60ml растително масло
  • 150g шеќер
  • 2 големи јајца
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 1-2 лажички рендана кора од лимон
  • 250ml матеница (или обичното млеко)
  • 350g брашно
  • 1,5 лажичка прашок за пециво
  • ¼ лажичка сода бикарбона
  • ½ лажичка сол
  • 1 шолја свежи боровинки

Глазура:

  • 250g шеќер во прав
  • 1-2 лажички кора од лимон (по избор)
  • 7-8 лажици свеж сок од лимон (или млеко ако не сакате да доминира вкусот на лимон)

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 220°С, а тавата за печење крофни премачкајте ја со масло или малку путер.
  • Во длабока чинија измешајте го стопениот путер, маслото и шеќерот и матете додека смесата не се изедначи (околу 2 минути).
  • Додадете ги јајцата, ванилата, кората од лимон и матеницата, па продолжете да матите.
  • Кога ќе добиете мазна смеса, додадете ги и брашното, прашокот за пециво, содата бикарбона и солта, па матете да се соединат. Тестото ќе биде густо.
  • На крај додајте ги и боровинките.
  • Ставете го тестото со лажица во ќеса за шлаг со отвор или во обична ќеса за замрзнувач на која ќе ѝ го пресечете едниот крај и ќе добиете отвор.
  • Ставајте од тестото во секоја дупка за крофна, но само до половина, бидејќи крофните ќе нараснат.
  • Печете 7-8 минути (или додека не биде сува чепкалката за заби со која проверувате дали се печени).
  • Извадете ја тавата од рерната, но крофните нека се ладат во самата тава околу 10 минути пред да ги извадите од калапот (во спротивно може да се сплескаат).
  • Направете ја глазурата - во не премногу длабок сад (колку да можете да ги потопите крофните), измешајте шеќер во прав, кора од лимон и 6 лажици сок од лимон или млеко.
  • Додадете уште 1-2 лажици течност доколку е потребно.
  • Глазурата треба да биде доволно тенка за рамномерно да се распредели на крофните, но доволно густа за да се стегне и да стане сува на допир.
  • Кога крофните целосно ќе се изладат, натопете ја едната страна во глазурата, па ставете ги на сувата страна за глазурата да тече и да се разлева по нив.
  • Послужете ги со вкусно кафе.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...
Принцес ролат - побрза варијанта на принцес крофни За сите љубители на принцес крофните имаме одличен рецепт за десерт - принцес ро...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg