Сникерс чизкејк – совршен летен десерт што не се пече

Овој десерт брзо ќе ви стане омилен ако сте љубители на Сникерс чоколатца. Ако не сакате вкус на кикиритки, или сте алергични на нив, можете да ги замените со Марс чоколатца.

snikers-chizkejk-sovrshen-leten-desert-shto-ne-se-peche-01.jpg

За топлите летни денови можете да подготвите вкусен чизкејк со вкус на Сникерс.

Добро е што овој колач не се пече и за неколку минути можете да подготвите големо количество десерт што ќе им се допадне на сите.

Потребни состојки:

За кора:

  • 300g бисквити;
  • 150g путер;

За фил:

  • 300ml слатка павлака (студена);
  • 150g млечна чоколада (стопена и благо оладена);
  • 500g крем-сирење (на собна температура);
  • 120g шеќер во прав;
  • 100g Сникерс чоколатца (исечкани на мали парченца);

За прелив:

  • 200g прелив од карамел;
  • 100g Синкерс чоколатца (исечкани на парченца);
  • 1 лажица кикиритки (иситнети).

Начин на подготовка:

  • Бисквитите се мелат во процесор за храна и се прелеваат со стопен путер;
  • Смесата се истура на дното на калап за торта и со чаша се притиска за да се формира тенка кора;
  • Слатката павлака се мати додека да се добие шлаг пена;
  • Чоколадата се топи и се остава да се олади;
  • Крем сирењето се става во длабок сад, му се додава шеќер во прав, оладена чоколада и се мати со миксер додека да се добие изедначена смеса;
  • Се додаваат парченца исечкан Сникерс и се мешаат во смесата;
  • Филот се распоредува врз готовата кора и се става во ладилник на најмалку 6 часа;
  • Замрзнатиот чизкејк се прелева со прелив од карамел и се остава во ладилник уште 30 минути;
  • Чизкејкот се декорира со парченца Сникерс и сечкани кикиритки и се послужува.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg