3 рецепти за велигденската трпеза од кујната на Давор (Dave’s Kitchen)
Козињак - милиброд
Потребни состојки:
- 200ml млеко
- 1 пакетче сув квасец
- 200g шеќер
- 4 лажици мед
- 120ml јогурт
- Кора од 1 портокал
- 4 јајца
- 4 жолчки
- 1 лажица рум
- 1.2kg брашно, или количина по потреба за да се замеси меко тесто
- 200g путер
- Џем со вкус по желба (кајсија, слива, шипинки, праски)
Начин на подготовка:
- Сите состојки ставете ги во длабок сад и замесете тесто. Тестото добро изработете го на набрашнета работна површина околу 10-15 минути додека не стане меко и мазно.
- Оставете да стаса 1 час на собна температура.
- Откако ќе стаса, поделете го на два еднакви дела за да добиете два милиброда.
- Секој од деловите поделете го на три дела (ќе имате вкупно 6) и со сукало расукајте ги.
- Премачкајте ги со џем и свиткајте ги во вид на ролат.
- Од три ролати сплетете плетенка и префрлете ја во калап за векни (ќе добиете 2 милиброди плетенки).
- Оставете ги милибродите да стасаат околу 40 минути. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 180 степени и печете ги милибродите околу 50-60 минути додека комплетно не бидат готови.
- Оставете да се изладат, пресечете ги и сервирајте парчиња.
Пилешко со кари во лиснато тесто
Потребни состојки:
- 500g пилешки стек
- Масло за јадење
- Сол и мелен црн бибер по вкус
- 400ml павлака за готвење
- 1 лажичка мешан сув зеленчук
- 300g свежи шампињони, исечкани
- 3 чешниња лук, ситно исечкани
- 1 лажичка кари во прав
- 500g лиснато тесто
Начин на подготовка:
- Најпрво испржете го пилешкиот стек кој сте го исечкале на коцки.
- Додајте ги свежите шампињони и гответе 10 минути. Зачинете со сол, бибер и мешан сув зеленчук.
- Потоа додајте ги лукчето и павлаката за готвење. Промешајте, па додајте го и карито.
- Тргнете ја смесата од оган и оставете убаво да се излади.
- Расукајте го лиснатото тесто на набрашнета површина и пресечете правоаголници долги 20х10cm.
- Нанесете од филот во секој од правоаголниците и преклопете ги, а потоа краевите притиснете ги со виљушка за убаво да се затворат.
- Премачкајте ги со јајце и печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
А. Ј. | Црнобело
-->
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости
Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...

Сочно пилешко во сос од сенф и кари
Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...

Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути
Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...

Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости
Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...

Ролат со спанаќ и пршута - ќе барате парче плус
Ролатот со спанаќ има неколку различни варијанти, а ние овој пат го споделуваме ...
-->