Кремасти тестенини со сланина, пилешко и многу кашкавал
-->
Иако се малку „тешки“ поради комбинацијата од сланина, пилешко и кашкавал, па нема да може да изедете многу, овие кремасти тестенини се превкусни.
Најубавата работа поврзана со тестенините е што можат да се комбинираат буквално со сè. А од вкусовите кои можеби не сте ги комбинирале, е сланина со пилешко и кашкавал.
-->
Пробајте го, сигурно ќе ви се допадне.
Потребни состојки:
- 1 пакетче тестенини (по желба)
- 5 подебели парчиња сланина
- 1 парче пилешки гради
- Сол, бибер, лук (и кромид) во прав по вкус
- 2 лажици путер
- ¼ кромид
- 3 чешниња лук
- 150ml неутрална павлака
- 60g чедар
- 60g моцарела
Начин на подготовка:
- Сварете ги тестенините во посолена вода, ал денте. Водата не ја фрлајте.
- Исечете ги резанките сланина на парчиња, па пржете ги во тава на малку маслиново масло (додека да станат крцкави).
- Извадете ги од тавата и ставете ги на хартија за да се впие вишокот маснотии.
- Пилешките гради исечете ги на покрупни парчиња, па зачинете ги со сол, бибер, кромид/лук во прав, по вкус.
- Пржете го пилешкото во истата тава во која се пржеше сланината. Кога ќе биде готово, извадете го од тавата, па и него ставете го на хартиена крпа за да го впие вишокот маснотии.
- Во истата тава додадете 2 лажици путер и штом се стопи, на путерот препржете ¼ кромид исечкан на ситни коцки и 3 чешниња ситно сечкан лук.
- Кога ќе зацрвенат, додадете 150ml неутрална павлака. Оставете да зоврие, па зачинете по вкус.
- На крајот додадете ги изренданиот чедар кашкавал и моцарелата. Ќе добиете кремаста смеса.
- Во неа, ставете ги варените тестенини, малку вода од тестенините и пилешкото + сланината.
- Ако смесата ви е густа, додадете уште малку вода од тестенините.
- Оставете ги тестенините и сосот да се спојат неколку минути на оган, па додадете малку пармезан и оригано (по желба) и послужете ги.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан
Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Потпечено пилешко со брокули и пармезан
Во сезоната на брокули, подгответе вкусен ручек со брокула и пилешко...
Во се...
Макарони во сос од тиква и морско оревче - вкус кој асоцира на есен
Најубавите есенски вкусови споени на едно место - тиква, морско оревче и тестени...
Викенд мезе: Мини тортиљи со пилешко и зеленчук по турски рецепт
Мини пилешките тортиљи по турски рецепт се деликатес кој мора да го пробате.
...
Сочно Алфредо пилешко со кашкавал, потпечено во рерна
Помеѓу многубројните начини на кои можете да го подготвите пилешкото филе е и Ал...