Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
-->
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада, банани и кокос? Изборот е ваш. И двете торти не се печат, а се подготвуваат мошне брзо.
Дали и вие сте љубители на брзи торти со бисквити што не се печат?
-->
Ако, да, тогаш овие 2 рецепти сигурно ќе ви се најдат. Можете да ги подготвите и во вечерните часови, а следниот ден да уживате во нивниот вкус.
Чоко торта со редени бисквити
Потребни состојки:
- 600g бисквити;
- 120g шеќер;
- 250ml млеко;
- Ќесичка ванилин шеќер;
- 150g путер;
- 60g какао во прав;
- 100g чоколада за готвење;
- 100g слатка павлака (од тетрапак за матење).
Начин на подготовка:
- Во четириаголен плех се реди 1 ред бисквити;
- Во тенџере се ставаат млекото, шеќерот, ванилиниот шеќер;
- Состојките се мешаат со маталка, па се додава какао во прав и се ставаат да се варат на тивок оган, со постојано матење со маталка;
- Кога какаото ќе се згусне се додава 150 g путер и се мати додека не се стопи;
- Готовиот фил се остава да се олади 10-ина минути;
- Остатокот бисквити се кршат на ситни парченца, се ставаат во длабок сад, па се прелеваат со готовиот фил од чоколадо;
- Бисквитите се мешаат со шпатула, додека во целост не ја впијат течноста;
- Натопените бисквити се редат врз првиот ред бисквити, па тортата се прекрива со уште еден ред наредени бисквити;
- Чоколадата за готвење се сечка ситно и се става во длабок сад, па се прелева со 100 ml неразматена павлака, па се мати со маталка или миксер додека не се згусне;
- Тортата се прелева со чоколадната смеса и се остава во ладилник да се олади најмалку 4 часа, или преку ноќ.
Видео упатство:
-->
-->
Уште еден рецепт на следната страница...
Би можело да ве интересира:
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете
Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече
Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а е омилен им е на сите оние шт...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет
Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
-->