Салата од макарони, пилешко и зеленчук - идеална за брз и здрав ручек
Зар има некој кој не обожава тестенини? Нив можеме да ги подготвиме на различни начини и да ги комбинираме со различни состојки, а лесно можеме да ги претвориме и во здрав оброк ако им додадеме зеленчук.
Имајќи предвид дека со тестенините нема да погрешите, оваа салата може да ја подготвите и за слави, родендени или како одлично предјадење за вашите гости. Секако, може да ви замени и цел оброк во деновите кога не сте многу расположени за готвење.
Како да ја направите?
Потребни состојки:
- 300g варено пилешко
- 150g моркови
- 150g грашок
- 150g пченка од конзерва
- 100g горгонзола
- 150g макарони
- 1 лажица сенф
- 400ml кисела павлака
- Сол по вкус
Начин на подготовка:
- Сварете ги тестенините.
- Вареното пилешко исечкајте го на мали парчиња.
- Исто така исечкајте го и морковот на ситни коцкички, па заедно со грашокот сварете ги во малку посолена вода.
- Во пилешкото додајте го исцедениот и изладен сварен зеленчук, добро исцедената пченка, исечканата горгонзола и сварените и изладени тестенини.
- Измешајте ги сенфот, павлаката и солта, па прелијте преку салатата.
- По вкус, можете да додадете и друг сечкан зеленчук, како пиперки, домати...
М. Ѓ | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Лесна салата со макарони и свеж зеленчук – идеална за топлите денови
Кога надвор е претопло и немате желба за многу готвење, ниту за јадење тешка хра...

Рецепт за руска салата за новогодишните празници
Ви нудиме рецепт за руска салата со точни состојки, за сите оние на кои домашнит...

Макарони во сос од тиква и морско оревче - вкус кој асоцира на есен
Најубавите есенски вкусови споени на едно место - тиква, морско оревче и тестени...

Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан
Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...

Домашни варени ѓевречиња по рецепт на стружанката Драгица
Топли, крцкави, вкусни - кој може да им одолее на домашните варени ѓевречиња?
...

Кои се придобивките од виралната „ретинол“ салата и како да ја направите?
Виралнара ретинол салата е добра за кожата и покрај рецептот што е популарен, мо...
-->
-->