Рецепт за совршени чоколадни колачиња со портокал
-->
Совршен вкус на чоколадо и портокал кој се топи уште од првиот залак...
Овое чоколадни колачиња со портокал се лесни за подготовка, но бараат малку повеќе време, бидејќи тестото мора да отстои во фрижидер пред да ги печете.
-->
Можеби ќе се помачите, но верувајте, вреди да ги подготвите (за себе или за гости).
Потребни состојки:
За тестото:
- 1¼ шолја + 2 лажици повеќенаменско брашно
- ½ шолја + 2 лажици какао
- 1,5 лажичка прашок за печиво
- ½ лажичка сол
- 2 лажици нишесте измешано со 3 лажици вода
- ½ шолја несолен путер, на собна температура
- 1¼ чаша кафеав шеќер
- 2 лажици млеко
- 1 лажица кора од портокал (од 1 голем портокал)
- 1 лажица свежо исцеден сок од портокал
- ¾ лажичка чист екстракт од ванила
За преливот од портокал:
- 3 лажици шеќер
- 1 лажичка кора од портокал
За чоколадната глазура од портокал:
-->
-->
- 2 шолји шеќер во прав
- ¼ шолја какао
- 2 лажици свежо исцеден сок од портокал
- 1 лажица + 1,5 лажички вода (можеби нема да ви треба целата)
- ¼ лажичка кора од портокал
Начин на подготовка:
- Измијте ги и портокалите, исушете ги и изрендајте ја кората во мал сад, па тргнете ја настрана. Портокалите исцедете ги во чаша и, исто така, тргнете го сокот настрана.
- Во длабок сад изматете 1 ¼ шолја плус 2 лажици брашно, ½ шолја + 2 лажици какао, 1½ лажичка прашок за пециво и ½ лажичка сол. Смесата тргнете ја настрана.
- Во помал сад, со помош на лажица, измешајте ги двете големи лажици нишесте со 3 лажици вода, за да добиете мазна, но ретка смеса. И ова тргнете го настрана.
- Во длабок сад со електрична маталка изматете го несолениот путер со 1¼ чаша кафеав шеќер за да добиете пенеста смеса. Полека додавајте го нишестето со вода, 2 лажици млеко, 1 лажица кора од портокал, 1 лажица свежо исцеден сок од портокал и ¾ лажичка екстракт од ванила.
- Кога смесата ќе се спои убаво, додајте го брашното споено со какао.
- Тестото завиткајте го во пластична фолија и ставете го да отстои во фрижидер најмалку час и половина.
- Пред да го извадите тестото од фрижидер, загрејте ја рерната на 300 степени, а тавата обложете ја со хартија за печење. Кората од портокал спојте ја со шеќерот.
- Извадете го тестото од фрижидер, па поделете го на 12 дела. Тестото ќе биде лепливо, па навлажнете ги рацете со вода пред да направите топчиња од секое парче тесто.
- Секое топче извалкајте го во смесата од портокал и шеќер, па сплескајте го меѓу дланките за да добие форма на плочка.
- Печете ги колачињата околу 15 минути. Кога ќе ги извадите од рерната, оставете ги да остинат 3-4 минути, а потоа префрлете ги врз решетка за да се оладат (во спротивно може да се распаднат).
- Направете ја глазурата - во длабок сад изматете 2 шолји шеќер во прав, ¼ шолја какао, 2 лажици свежо исцеден сок од портокал и ¼ лажичка кора од портокал.
- Почнете да додавате 1 лажица вода, а потоа малку по малку уште 1,5 лажички вода за да ја постигнете саканата густина (можеби нема да ви треба целата вода).
- Од глазурата ставете врз оладените колачиња. На крајот можете да ги украсите со уште малку кора од портокал. Кога глазурата ќе се стегне, послужете ги.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос
Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Чоколадни бомбици од смеса за готова торта
Со смеса за чоколадна торта за час ќе направите супер десерт - вкусни бомбици со...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...