Рецепт за брза пилешка салата – идеално мезе кога чекате гости

Заради овој рецепт секогаш ќе практикувате да имате дома пилешко месо и краставички... Идеална е за мезе кога чекате гости, а немате премногу време за подготовка.

recept-za-brza-pileshka-salata-idealno-meze-koga-chekate-gosti-01.jpg

Оваа пилешка салата по малку потсетува на нашиот таратор, со тоа што е полна со пилешко месо. Ќе ви се допадне затоа што е мошне брза за подготовка, а рецептот ќе ви се најде и кога чекате гости, но немате многу време за подготовка.

Како да ја подготвите?

Потребни состојки:

  • 1 поголемо парче (200g) пилешки стек;
  • 2 свежи краставици (или тиквички);
  • 1 морков;
  • 50g пченка (сварена);
  • 50g сечкани ореви;
  • 300ml павлака;
  • Малку свеж копар;
  • 1 големо чешне лук (столчено);
  • ½ лажичка сол;
  • ¾ лажици маслиново масло.

Начин на подготовка:

  • Пилешкиот стек се вари додека да омекне и се остава да се олади;
  • Оладениот стек се сечка на ситни парченца;
  • Морковите и краставичките (или тиквичките) се мијат и се рендаат, па се пропржуваат на малку маслиново масло, додека да омекнат;
  • Во длабок сад се мешаат изладеното пилешко месо, изладениот зеленчук, оревите, пченката, јогуртот, лукот и се зачинуваат со сол и свеж копар;
  • Сите состојки се мешаат и готовата салата може да се сервира веднаш.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за божиќни путер колачиња Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за гибаница со сирење од Air Fryer Ако ви се најават гости, набрзина можете да испечете гибаница во Air Fryer и да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg