Божиќните медењаци се традиција во мојот дом во Битола: Како се подготвуваат?
Божиќните медењаци се приготвуваат едноставно и брзо, а притоа се вистинска уживанција кога треба да ги декорирате и украсите како што вие сакате.
Ниту еден Божиќ не може да помине без божиќните колачиња или таканаречени медењаци, на кои најмногу им се радуваат најмладите поради нивниот изглед.
Превкусен десерт којшто дополнително ќе ја збогати вашата божиќна трпеза, а во нивното приготвување може да ужива целата фамилија.
Божиќни медењаци според рецептот на моето семејство:
Потребни состојки:
За колачиња:
- 400g брашно
- 140g шеќер во прав
- 60g маргарин
- 1 мала лажичка сода бикарбона
- 2 лажици мед
- 2 јајца
- Малку цимет или каранфилче
За декорација:
- 200g шеќер во прав
- 1 мала лажичка густин и малку сок од лимон
- 1 белка
Начин на подготовка
1. Замешајте ги брашното, шеќерот во прав, јајцата, маргаринот медот и сода бикарбоната и направете мазна смеса.
2. Смесата се покрива со алуминиумска фолија и се става во фрижидер.
3. Откако смесата ќе се излади, расукајте ја на набрашнета површина и развлечете ја со дебелина од 3-4 сантиметри и исечете ја со божиќните форми по ваш избор.
4. Премачкајте ги со изматено јајце.
5. Се печат на температура од 200 степени, најмногу десет минути.
Глазура за декорација
1. Изматете ги белката и шеќерот во прав сè додека не добиете бела боја, па додајте неколку капки сок од лимон и 1 лажичка шеќер.
3. Доколку сакате, смесата можете да ја обоите со прехранбена боја доколку сакате шарени колачиња.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Б. | Црнобелo