Рецепт за нудли со сусам и лук, совршен брз ручек за постите

Гладни сте и сакате да јадете нешто топло, но да го подготвите набрзина? За овој посен рецепт со нудли ви требаат само 15-тина минути.

recept-za-nudli-so-susam-i-luk-sovrshen-brz-ruchek-za-postite-01_copy_copy.jpg

Постите се во полн ек. Затоа, ако сакате да пробате нешто вкусно, а нетипично за македонската кујна, згответе го овој брз рецепт - нудли со лук и сусам.

Потребни состојки:

  • 2 пакувања инстант нудли
  • Соја сос
  • Кафеав шеќер
  • Балсамико оцет
  • Сусам
  • Лук
  • Ѓумбир
  • Лут сос од чили пиперче

*Освен нудлите сите состојки се по вкус

Начин на подготовка:

  • Сварете ги само нудлите според инструкциите на ќесичката, без да ги додавате малите пакетчиња за вкус.
  • Исечкајте го ситно лукот и препржете го на малку масло.
  • Кога ќе зарумени, додајте ги соја сосот, малку кафеав шеќер, балсамико и лутиот сос од чили пиперче.
  • Мешајте без престан додека смесата да не почне да се згуснува, па додајте малку ѓумбир (може во прав или свеж, рендан). На крај додајте го сусамот, па измешајте ја смесата со сварените нудли.
  • Доколку сакате, можете да ставите и малку свеж млад лук како декорација.
  • Уживајте во вкусот.

recept-za-nudli-so-susam-i-luk-sovrshen-brz-ruchek-za-postite-02.jpg

recept-za-nudli-so-susam-i-luk-sovrshen-brz-ruchek-za-postite-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg