Рецепт за здрав домашен пудинг од јапонски јаболка и мед
-->
Јапонски јаболка во комбинација со какао и мед за совршен здрав десерт, кој се подготвува без печење... Дали би го пробале?
Јапонските јаболка освен што се полни со витамини, имаат специфичен вкус кој може да ви се допаѓа или не.
-->
Но, ако ги искомбинирате со мед, млеко и какао, можете да направите здрав пудинг на кој нема да можете да му одолеете.
Потребни состојки:
- 2 шолји ладно млеко
- 2 зрели јапонски јаболка
- 1 лажица какао
- 1-2 лажици мед
Начин на подготовка:
- Внатрешноста на јапонските јаболка ставете ја во блендер.
- Додајте какао и малку мед, а потоа и 2 шолји млеко.
- Блендирајте околу 2-3 минути за да добиете мазна, компактна смеса.
- Ставете ја смесата во шолји или чинии за послужување, па оставете го пудингот барем 2 часа во фрижидер да се стврдне (можете да го ставите накратко и во замрзнувач, ако е потребно).
- Украсете го пудингот со сечкани ф'стаци и уживајте во вкусот.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Зимски колач со јаболка и сладолед - се топи во уста
Ако еднаш го пробате овој колач, ќе го подготвувате и за себе и за кога ќе ви се...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер
Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Печени јаболки во лиснато тесто, полнети со ореви
Кога ќе споите јаболки, цимет и ореви, добивате совршен есенски вкус и мирис.
...
Вкусен домашен ручек - Како да направите тавче гравче?
Тавче гравче претставува македонски традиционален рецепт кој бара внимание, но л...
Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости
Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...
Рецепт за здрав и вкусен појадок: Чиа пудинг со праски и индиски ореви
Ако сакате да пробате нешто ново и несекојдневно, тогаш овој рецепт за чиа пудин...