5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете
-->
Рижото со зеленчук
Потребни состојки:
- 2 страка праз;
- 1 кромид (ситно исечкан);
- 1 мал морков (изрендан);
- 500g ориз;
- 1.250ml жешка вода;
- Сок од 1 лимон;
- Сол и бибер по вкус.
Начин на подготовка:
- Празот се сечка на ситни парченца;
- Во тенџере се става празот да се загрее на средна температура, па се додава околу 50ml вода и се динста додека да омекне;
- Се додава и кромидот и се остава да се динста;
- Се додава претходно измиениот ориз и се меша со другите состојки;
- Се додава врелата вода;
- Кога ќе почне да врие, се додава морковот и температурата на ринглата се намалува;
- Тенџерето се прекрива делумно и се остава да се крчка на тивок оган околу 17 минути;
- На крај се додава сол и бибер по вкус и сок од лимон;
- Оризот се меша и се трга од оган;
- Тенџерето се остава да отстои покриено околу 10-тина минути, за оризот да ја впие целата течност.
Салата со грав
Потребни состојки:
- 500g грав (сварен);
- 100ml масло за јадење;
- 50ml вински оцет;
- 2 млади кромитчиња;
- 1 голем кромид (исечкан на кругови);
- 2 црвени кисели пиперки (исечкани на парчиња);
- Неколку гранчиња магдонос (ситно исечкани)
- Сол и бибер по вкус.
Начин на подготовка:
- Сварените зрнца грав се ставаат во длабок сад за салата и им се додаваат исечкани кромитчиња и црвени пиперки;
- Се додаваат и круговите од стариот кромид и се мешаат сите состојки;
- Во друг сад се мешаат маслото и оцетот и се додаваат околу 2 мали лажички сол и малку бибер, па од сите состојки се прави прелив за салатата;
- Салатата се прелева со готовиот прелив, се меша и на крај се додава исечкан магдонос.
Посна пита со ориз и блитва
Потребни состојки:
- 500g кори за пита;
- 50g ориз;
- 100g печурки (свежи);
- 100g свеж блитва (или спанаќ);
- Малку лута пиперка (по желба);
- 1 мала лажичка сол;
- Малку бибер.
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на 200 степени Целзиусови;
- Блитвата се чисти и се вари во еден филџан вода околу 5 минути;
- Се додаваат оризот и уште два филџана вода и се вари околу 15 минути;
- Печурките се посолуваат и се печат на скара или во рерна околу 10-тина минути, или додека да омекнат;
- По ова печурките се сечкаат на коцкички и се додаваат во сварениот ориз, па сите состојки се мешаат, а кој сака може да додаде и луто пиперче;
- Се зема една кора за пита, се става во плех и се попрскува со малку вода, па врз неа се става малку фил;
- Се прекрива со друга кора, па со малку фил и постапката се повторува сѐ додека не се потрошат сите состојки, а на крај питата треба да биде прекриена со кора;
- Питата се пече 20-тина минути на температура од 200 степени Целзиусови или додека да добие златно кафеава боја.
-->
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости
Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Сочно пилешко во сос од сенф и кари
Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
3 рецепти за деновите кога постите без масло
Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг
Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...