Прсти да излижете: Кремасти шпагети со тиквички во сос од 2 вида сирење

Кремасти шпагети кои се топат во устата... Пробајте го овој италијански рецепт и уживајте во богатиот вкус на тиквички и сирење.

kremasti-shpageti-so-tikvichki-vo-sos-od-2-vida-sirenje-01.jpg

Италијанците имаат стотици рецепти за тестенини и сите се кој од кој повкусен. Овојпат прочитајте како се подготвуваат шпагети со тиквички и кремаст сос од два вида сирење.

А, ако ви се допадне рецептот, подгответе ги за ручек или кога ќе ви дојдат гости.

Потребни состојки:

  • 300g шпагети
  • 600g тиквички
  • Свеж босилек
  • 1 чешне лук
  • 3 лажици реднан пармезан
  • 150g крем сирење
  • Маслиново масло

kremasti-shpageti-so-tikvichki-vo-sos-od-2-vida-sirenje0.jpg

Начин на подготовка:

  • Измијте ги и исечкајте ги тиквичките на крукчиња со приближно иста дебелина (но да се многу тенки).  
  • Во длабоко тенџере ставете вода со сол и масло и оставете ја да проврие, па сварете ги шпагетите според упатството на ќесичката.
  • Во помало тенџере ставете маслиново масло и кога ќе се загрее, испржете ги тиквичките (да омекнат и да заруменат многу малку).
  • На плитка чинија ставете кујнска хартија, а врз неа свежи листови босилек, па врз нив ставете ги испржените тиквички за да се спојат вкусовите, но и да се ослободите од вишокот масло.
  • Во посебен сад ставете 3-4 лажици маслиново масло, па кога ќе се загрее, додадете го чешнето лук. Пред целосно да се сварат шпагетите, извадете ги од водата и ставете ги во тавата со масло и лук.
  • Приближно 1-2 минути пред да бидат готови тестенините, во тенџерето ставете ги тиквичките и босилекот и спојте ја смесата. Наполнете 1 шолја од течноста во која се вареле шпагетите и тргнете ја на страна, па процедете ги тестенините.
  • Процедените тестенини ставете ги во тавата со масло и лук, па прелијте ги со околу 2/3 од водата од тестенини што ја тргнавте на страна.
  • Откако убаво ќе се спојат сите состојки, додадете 150g крем сирење, заедно со уште неколку листови свеж босилек.
  • Додадете го и пармезанот, па убаво спојте ги сите состојки со благо мешање.
  • Послужете го додека се топли.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кремасти тестенини со сланина, пилешко и многу кашкавал Иако се малку „тешки“ поради комбинацијата од сланина, пилешко и кашкавал, па не...
Сочно пилешко во сос од сенф и кари Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате) Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Викенд ручек: Сочни шпагети со грчки ќофтиња, во црвен сос Овој превкусен рецепт е комбинација од италијанската и грчката кујна... Дали би ...
5 домашни сосови кои се одлична замена за мајонез Се подготвуваат брзо, лесно, вкусни се и здрави и одлична замена се за мајонез.....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg