Редена еклер торта што не се пече, со фил од јаболка и ванила
Омиленото есенско овошје се јаболката, а од оваа лесна торта сите ќе бараат парче повеќе.
Како да направите брза торта што не се пече со вкусен фил од јаболка?
Овој рецепт сигурно ќе ви стане меѓу омилените затоа што станува збор за лесен и сочен десерт што брзо ќе им се допадне на сите.
Како да го приготвите?
Потребни состојки:
За фил од јаболки:
- 4 јаболка со средна големина (излупени и исечкани на коцкички);
- 70g шеќер;
- 5 големи лажици вода;
- 2 големи лажици путер;
- 1 лажица цимет;
- 2 големи лажици нишесте;
За торта:
-->
-->
- 1 голема лажица цимет;
- 1 мала лажичка рендано индиско оревче;
- 1 кутија бисквити;
- 2 пакетчиња инстант пудинг од ванила;
- 500ml ладно млеко;
- 500ml слатка павлака;
- 50g шеќер во прав;
- 1 лажичка екстракт од ванила;
- Сос од карамела.
Начин на подготовка:
- Јаболката се мијат, се лупат и се сечкаат на коцкички;
- Во тенџере се става путерот да се стопи на средна температура и му се додава цимет, па потоа се додаваат јаболката, шеќерот и водата;
- Се покриваат и се оставаат да се варат од 4-6 минути, додека јаболката малку да омекнат;
- Во мал подлабок сад се ставаат две лажици нишесте и 2 лажици вода и се мешаат, па смесата со мешање им се додава на јаболката;
- Филот се остава да се вари додека јаболката да омекнат целосно, а смесата да се згусне. Откако ќе почне да прави меурчиња се вари уште една минута, па се остава да се олади;
- Кога ќе се олади, на филот му се додава уште една лажичка цимет и индиско оревче и се меша;
- Во друг длабок сад се става инстант пудингот, млекото и шеќерот во прав и сите состојки се мешаат со лажица;
- Се додава слатка павлака и естракт од ванила и се мати со мискер, додека да се добие кремаста и густа смеса, околу 3-4 минути;
- Се зема плех за печење и врз него се реди еден ред бисквити, па врз него се става половина од филот со јаболка;
- Врз филот се реди уште еден ред бисквити, па се става еден слој од филот со ванила пудинг;
- Постапката се повторува додека да се потрошат состојките, при што последниот слој треба да биде со бисквити;
- На крај тортата се прелева со сос од карамела и се остава во ладилник да отстои 4-6 часа, а најдобро е доколку може да стои цела ноќ.
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_108454_400.jpg)
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_113271_400.jpg)
Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости
Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_113606_400.jpg)
Предлог рецепти за божиќните пости – вкусни оброци без месо
Што да јадете кога постите? Подгответе некои од овие вкусни рецепти, што ќе ви д...
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_108256_400.jpg)
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_107897_400.jpg)
3 рецепти за деновите кога постите без масло
Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_115153_400.jpg)
Лисната пита со крушки и цимет - одличен зимски десерт
Додека трае сезоната на круши, лесно и брзо можете да подготвите еден поинаков д...