Мини мафини со банана и цимет, одличен десерт за секоја сезона

Ако бананите дома почнаа да ви омекнуваат, наместо да ги фрлите, искористете ги за да направите вкусни мафини.

mini-mafini-so-banana-i-cimet-odlichen-desert-za-sekoja-sezona-01.jpg

Брз и едноставен рецепт за вкусни мафини, кои ако ги пробате еднаш, ќе ги правите постојано. 

Потребни состојки:

  • 1 ½ шолја брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • ½ лажичка сол
  • ½ лажичка цимет
  • 3 големи зрели банани 
  • 2 големи јајца на собна температура
  • ½ чаша кафеав шеќер
  • 4 лажици несолен путер стопен
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 12 јатки ореви

mini-mafini-so-banana-i-cimet-odlichen-desert-za-sekoja-sezona-02.jpg

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете ја тавата за мафини со 12 хартиени калапи. Во секој калап ставете по една јатка орев.
  • Во друг длабок сад изматете ги брашното, прашокот за печиво, содата, солта и циметот. 
  • Во друг сад испасирајте ги бананите. Изматете ги јајцата, кафеавиот шеќер, стопениот путер и ванилата.
  • Истурете ги сувите состојки врз влажните состојки и продолжете да матите додека не се соединат. 
  • Распоредете го тестото во подготвените калапи за мафини.
  • Печете 18-20 минути, а со чепкалка за заби проверете дали се готови. 
  • Послужете ги откако ќе остинат, со кафе.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Нова верзија на рецептот на баба: Омилените божиќни гурабии со ванила и ореви Се сеќавате на вкусните колачиња што буквално ви се топат во уста? Меки и полнет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg