Нова верзија на рецептот на баба: Омилените божиќни гурабии со ванила и ореви

Се сеќавате на вкусните колачиња што буквално ви се топат во уста? Меки и полнети со ореви или лешници и валкани во шеќер од прав...

nova-verzija-na-receptot-na-baba-omilenite-bozhikjni-gurabii-od-vanila-i-so-orevi-01.jpg

Во периодот пред новогодишните и божиќните празници, многумина сакаат да подготват вкусни колачиња, а нема ништо поубаво од оние чијшто мирис и вкус може да ве транспортира во минатото и да ве врати на трпезата на баба.

Гурабиите и ванилиците беа едни од омилените колачи некогаш, а овој рецепт е спој на двете. Меката кора на ванилиците е надополнета со вкусот на ореви и лешници со кои некогаш се полнеа гурабиите.

Како да ги подготвите?

Потребни состојки:

  • 200g брашно;
  • 125g путер (или маргарин);
  • 70g шеќер во прав;
  • 100g ореви или лешници (мелени);
  • 1 ќесичка ванилин шеќер;
  • 1 белка од јајце;
  • шеќер во прав за валкање.

Начин на подготовка:

  • Стопениот путер се става во длабок сад и се додава шеќерот во прав, па се мати со миксер додека да добиете кремаста смеса;
  • Се додава белка од јајце, ванилин шеќер, мелени ореви или лешници и брашно и се замесува тесто;
  • Тестото се собира во фолија и се остава во ладилник околу 1 час;
  • Рерната се загрева на 180 степени;
  • Тестото се дели на два дела, па од секој од деловите се сука тенка кора, околу 5mm, па се сечат тенки триаголници;
  • Секој од триаголниците се обликува во форма на мала кифличка или месечинка и се става на претходно премачкан плех;
  • Готовите гурабии се ставаат во плех да се печат на температура од 180 степени околу 12 минути;
  • Откако ќе се испечат гурабиите се валкаат во шеќер во прав.

nova-verzija-na-receptot-na-baba-omilenite-bozhikjni-gurabii-od-vanila-i-so-orevi-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg