Брза пита со спанаќ и сирење, мека како душа - ќе ја направат и неискусните во кујна
Овој рецепт можат да го направат и вистински почетници во кујна, затоа што е потребно само да се промешаат состојките и питата да се испече. Само не заборавајте добро да го измиете спанаќот пред да го ставите во питата.
Србинката Јелена Коцмановиќ редовно споделува рецепти на нејзиниот Инстаграм профил, а неодамна сподели рецепт за брза пита со спанаќ и сирење што можат да ја направат и оние што не се многу вешти во кујна.
Пазарите се преполни со пролетен зеленчук, а ова е рецепт за вкусна пита што можете да ја послужите за појадок или вечера, а ако ви остане, слободно можете да си спакувате и едно парче за работа.
Ќе бидете изненадени колку брзо (и лесно) се подготвува.
Потребни состојки:
- 3 јајца;
- 250g сирење;
- 100g спанаќ (претходно измиен и исчистен);
- 2 страка млад кромид (ситно исечкан);
- 4 големи лажици брашно;
- 3 лажици масло;
- 1 кесичка прашок за печиво;
- ½ лажичка сол (или по вкус).
Подготовка:
- Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови;
- Во длабок сад се ставаат јајцата и малку се матат со виљушка или маталка;
- Се додава сирењето и се меша со јајцата;
- На јајцата и сирењето им се додава масло, спанаќ, млад кромид, брашно, прашок за печиво и сол и сите состојки се мешаат додека не се добие изедначена смеса;
- Тестото се става во плех обложен со хартија за печење и се пече на температура од 180 степени Целзиусови околу 25 минути, или додека не добие златно кафена боја.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело