Рецепт за греан Аперол со бело вино - зимска варијанта на познатиот летен пијалак
Дали знаевте дека покрај греано вино, луѓето сакаат и греан Аперол? Можеби звучи како летен пијалак, но некој се сетил за една одлична комбинација, па така Аперолот добил и зимска варијанта.
Во оние денови кога е студено, ништо не звучи подобро од седење дома покрај огнот со некој топол пијалак како греано вино.
Историчарите сметаат дека првиот рецепт за греано вино доаѓа од античките Грци и Римјани, кои земале помалку вкусно вино и го вареле со зачини за повторно да блесне.
Оттогаш, пијалакот стана сезонски главен производ во многу делови од светот. Но, дали знаевте дека покрај греано вино, луѓето сакаат и греан Аперол?
Можеби звучи како летен пијалак, но некој се сетил за една одлична комбинација, па така Аперолот добил и зимска варијанта.
Погледнете во продолжение како да си направите греан Аперол и да се стоплите.
Потребни состојки (за 6 чаши):
- 750ml бело вино
- 500ml сок од јаболко
- 300ml Аперол
- 2 лажици сируп од портокал
- 1 портокал
- 1 лимон
- За украсување: стапчиња цимет, анасон, рузмарин или по избор
Начин на подготовка:
- Истурете го белото вино во тенџере и загрејте го на средна температура, но не дозволувајте да зоврие;
- Додадете сок од јаболко, Аперол и сируп од портокал;
- Исечкајте го портокалот и додадете го;
- Оставете сè да отстои неколку минути и исклучете го шпоретот;
- Топлиот Аперол поделете го во чаши;
- Исецкајте го лимонот на тенки парчиња и ставете го во чашите;
- Декорирајте по избор.
M. Г. | Црнобело / фото: pixabay.com