Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Вашиот избор на вино открива каков човек сте – пиете бело, розе или црвено вино?

Во виното е вистината... Бело или црвено? Вашиот избор на вино говори многу за вас. Каква личност сте? Дали сте интроверти што сакаат да пијат сами или екстроверти што уживаат во дружењето?

vo-vinoto-e-vistinata-shto-otkriva-vinoto-shto-najchesto-go-piete-za-vashiot-karakter-01.jpg

Дали кога пиете вино бирате бело вино, розе или црно? Верувале или не, вашиот избор во голема мера говори многу и за вас како личност.

Бело вино

Луѓето што избираат бело вино, најчесто се екстроверти и љубопитни „ноќни птици“ што остануваат будни до доцна во ноќта.

Честопати ова се луѓе полни со сарказам, коишто обожаваат гласна музика, па и рок и панк музика, склони се кон перфекционизам, а за домашен миленик би избрале мачка.

Тие сакаат да се дружат, да излегуваат, но, речиси никогаш не слават без причина. Што се однесува до изборот на вино, не се многу пребирливи и би можеле да пијат и помалку квалитетно вино.

vo-vinoto-e-vistinata-shto-otkriva-vinoto-shto-najchesto-go-piete-za-vashiot-karakter-02.jpg

Црвено вино

Луѓето што избираат црвено вино, пак, најчесто се интроверти и повлечени луѓе, што сакаат да станат рано наутро.

Подготвени се да потрошат и повеќе пари при изборот на вино и бараат поквалитетни пијалаци, а уживаат да пијат сами во својот дом. Кога станува збор за миленик, најчесто би избрале куче.

За нив е карактеристично дека се авантуристи, но мошне се скромни и добро организирани. Кога станува збор за музиката, најчесто би избрале да слушаат џез.

За љубителите на црвено вино е карактеристично и тоа што имаат многу поголемо познавање за виното како пијалак. Многу поголем дел од нив знаат како правилно се држи чаша за вино, знаат што се „танини“ и колку време му е потребно на виното да оксидира.

vo-vinoto-e-vistinata-shto-otkriva-vinoto-shto-najchesto-go-piete-za-vashiot-karakter-03.jpg

Розе 

Не е ниту црвено, ниту бело, туку е розе. Какви се луѓето што најчесто избираат вакво вино?

Со самото тоа што избираат ваков тип на вино, луѓето ви покажуваат дека сакаат да бидат поинакви и да отскокнуваат од средината. Ова е изборот на луѓето што сакаат да покажат дека нештата не се само „бели и црвени“ туку дека меѓу нив постојат нијанси.

Доколку сакате да добиете позитивни поени кај нив, доволно е само да им се придружите и заедно со нив да се напиете една чаша од нивното омилено вино. 

Станува збор за луѓе што се модерни, софистицирани кои најчесто имаат напредни сфаќања за животот. Дел од девојките го избираат ова вино поради неговата розева боја, па со тоа сакаат да ги нагласат сопствената женственост и шарм. 

vashiot-izbor-na-vino-otkriva-kakov-chovek-ste-piete-belo-ili-crveno-vino-03.jpg

Бонус:

vino-vistina-1.fw.png

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

ПМС, холестерол - За што сè е добар чајот од маточина? Чајот од маточина има пријатен вкус, а нуди цела низа здраствени придобивки - од...
3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
„Кромид лате“ - Би го пробале ли кафето кое (наводно) ќе биде хит во 2025-та? Еден од коментарите за овој пијалак е: „Не, кромидот нека остане во супата! Сака...
„Ботокс во чаша“ – Пијалак за измазнување на брчките и за слабеење (а се пие пред спиење) Овој пијалак го нарекуваат ботокс во чаша затоа што се верува дека ги брише брчк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg