„Варен џин“ е новото греано вино – Како да го направите?
Ова е рецепт кој ќе им се допадне на сите на кои им недостасува вкусот на џин, но и на оние кои внимаваат на линијата и исхраната.
Во овој варен џин нема шеќер, туку само се засладува со мед и зачини.
Заменете го традиционалното греано вино со нешто поинакво овие празници.
Рецепт за варен џин
Состојки (за една доза, односно една чаша):
- 25ml џин
- 200ml сок од јаболка
- Лажичка мед
- Слатки зачини – цимет, ванила, ѓумбир...
Подготовка:
- Загрејте го сокот од јаболката заедно со лажичка мед и додадете ги сите зачини кои ги одбравте.
- Кога течноста ќе зоврие, тргнете од оган.
- Во течноста додадете го џинот сосема на крај.
- Ако имте свежо јаболко, исечкајте неколку парчиња и ставете во чашата. Зачинете со стапче цимет. Може да додадете и парче лимон.
М. Д. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

По рецепт на нашите баби: Како се подготвува ораховка или ракија со млади ореви?
Знаете ли како се прави познатата ракија со млади ореви, позната и како ораховка...

Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак
Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...

3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми
На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...

4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен
Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...

Здрав пијалак за летно освежување – ладен црн чај со сок од сливи и млеко
Доколку сакате рецепти кои немаат голема количина шеќер (или воопшто не содржат)...
-->
-->