3 природни пијалаци кои ги регулираат хормоните во тек на менопауза
Во текот на менопаузата и периодот по неа, нивото на хормоните може значително да се промени, па жените обично прво посегнуваат по лекови за нивно регулирање.
За да ги средите на природен начин, многу од лекарите и жените кои пробале, велат дека спасот е во овие 3 пијалаци:
Топла вода со лимон
Исцедете половина лимон во чаша топла вода и испијте веднаш штом се разбудите.
Чај од листови од малина
Прелијте 1 супена лажица суви листови од малини со околу 200ml врела вода и оставете да отстои 10 минути. Чајот пијте го преку ден, но никако пред спиење.
Млеко и куркума
Златното млеко се подготвува така што во 200ml млеко се додава ½ лажичка куркума и 1 лажичка кокосово масло. Може да додадете и мед. Пијалакот е добро да го консумирате навечер.
М. Д. | Црнобело