Чаеви што ќе ви помогнат да го „исчистите“ организмот после празничните прослави
Нормално е малку да претерате со јадење и пиење за време на празничната сезона. Но откако ќе завршат прославите, добро би било да го „исчистите“ вашиот организам.
Во ова ќе ви помогне здравата исхрана, но и некои видови чаеви.
Погледнете кои се најдобрите чаеви за детоксикација на вашиот организам:
Зелен чај
Никогаш нема да погрешите со шолја зелен чај.
Зелениот чај помага во согорувањето на маснотиите, а може да го намали и апетитот. Тој е богат со антиоксиданти кои не само што го прочистуваат организмот, туку и го зајакнуваат имунитетот.
Овој чај е добар и за црниот дроб и може да ги намали последиците од прекумерното пиење.
Чај од ѓумбир
Чајот од ѓумбир често е дел од диетите за детоксикација.
Ѓумбирот има позитивно влијание врз имунитетот, а ја подобрува и дигестијата, благодарение на бројните витамини и минерали.
Овој чај ќе ви помогне да ги отстраните токсините од цревата, црниот дроб и другите органи.
Чај од коприва
И чајот од коприва е одличен за прочистување на организмот, но и за слабеење.
Копривата е еден вид диуретик и помага во отстранувањето на вишокот вода од телото. Истовремено, овој чај ја подобрува циркулацијата, а може да го регулира и нивото на шеќер во крвта.
Спирова С. | Црнобело